Обновливите извори на електрична енергија се сè повеќе актуелни. Кога е во прашање домашното користење најчесто станува збор за фотоволтаични панели. My Solar Panel e своевиден експерт во вашиот телефон. Апликацијата е дело на Игор Илијовски кои изработи две верзии на софтверот My Solar Panel Lite и My Solar Panel. Двете апликации се наменети за корисници […]

Прочитај повеќе

Carrot Weather е апликација која ќе се обиде и да ве насмее и да ви каже какво е времето надвор. По подолго време во бета, апликацијата и официјално е достапна на Android. Она што ја прави апликацијата различна е обидот преку злобниот AI глас на Carrot апликацијата да ве информира за времето. Carrot, мрази луѓе, и […]

Прочитај повеќе

Datally е Android апликација од Google која на корисниците им овозможува полесно да управуваат со интернет сообраќајот. Со ова корисниците ќе може да заштедат, или барем да го ограничат времето кое го поминуваат на интернет од телефон. Апликацијата е достапна од ноември, но од неодамна Google го прошири начинот на кој корисниците може да го […]

Прочитај повеќе

Bike Seeker – Rent bikes in Amsterdam е апликација која им овозможува на сите во Амстердам да го пронајдат велосипедот кој најмногу им  одговора. Ова можеби и не е некоја вест, ако креатор на апликацијата не беше Горјан Јовановски, автор на апликацијата МојВоздух. „Тоа што работам во Booking.com ми ги отвори очите за какви се проблеми […]

Прочитај повеќе

Ако сакате да читате, но немате време можеби имаме решение. Smart AudioBook Player е Android апликација која репородуцира аудио книги. Најверојатно денес очекувате апликацијaта да има куп функционалности, ама оваа нема, и тоа е сосем ок.  Она што го овозможува е автоматско креирање на плејлисти на книгите и нивна поделба на поглавја и помнење на позицијата до […]

Прочитај повеќе

Косовскиот стартап кој работи на технологија за аудио повици стигна до 1 милион преземања на Android и iOS комбинирано. Сервисот овозможува аудио повици, групни разговори, но и видео повици. Сепак сервисот е повеќе друштвена мрежа отколку алатка сервис за разговор. Со Hello корисниците разговараат сo своите пријатели кои најчесто ги запознале преку сервисот. Hello започна […]

Прочитај повеќе

Дали некогаш сте посакале да го смените местото на кое јадете, а тоа сепак да биде во близина? Или можеби сакате да пробате храна на локација која не ви е позната? Ако одговорот е „Да!“, тогаш Ало кафана е апликација за вас. Станува збор за своевиден „именик“ во кој се сместени дел од кафеаните во […]

Прочитај повеќе

Предност на бројните андроид апликации и игри е тоа што се вдомени во пренослив модел кој ви дозволува да им пристапите од каде било. Но, доколку сакате да ја искористите нивната функционалност директно од вашиот компјутер, потребен ви е Android емулатор. Ваквиот софтвер го покренувате од Windows околината, го избирате моделот на телефонот или таблетот […]

Прочитај повеќе

Storyboard е Android апликација која овозможува брзо креирање на стрипови од видео содржина. Апликацијата е едноставна, а корисниците лесно може да си направат сопствени стрипови. Креираните слики наликуваат на слики обработени со филтер во некој софтвер за обработка на слики. Креирањето на слики е едноставно, но процесот не е супер брз. Брзината на процесот зависи од […]

Прочитај повеќе

MyGreatRecipes е апликација која се стреми да ја подобри вашата продуктивност во кујната преку својата база од над 100.000 рецепти надополнети со фотографии и концизни упатства. Апликацијата овозможува ефикасно пребарување на рецепти по состојки и оброци, организирани во колекции и категории. “Нашиот клиент има повеќе од 30 години искуство во објавување на печатени колекции со […]

Прочитај повеќе

Неколку телевизии во Македонија имаат контактни емисии во кои гости се доктори. Ако барем еднаш сте погледнале некоја од овие емисии, најверојатно веќе знаете дека постои огромен интерес од гледачите. Македонската апликација Expert TV нуди токму ваква или барем слична содржина. Лекари специјалисти говорат на теми за здравјето. Содржините се пренесуваат преку релативно куси видеа, […]

Прочитај повеќе

Мој документ е македонска апликација која ќе ве подготви за потрагата низ административните лавиринти. Апликацијата е дело на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола и на него работеа околу една година. Она што е најдобро во апликацијата е едноставноста за користење. Ниту една процедура не е повеќе од два клика оддалечена од корисникот, што не секогаш е едноставно да […]

Прочитај повеќе