Најиграниот ММORPG наслов World of Warcraft реши, заедно со новите содржини од 4.2.0, да објави бесконечен пробен период за новите играчи. Најверојатно мотивирани од скорешното менување на моделот на плаќање на Age of Conan, Team Fortress 2 како и најавата на Valve за нова „бесплатна“ ММО (се шпекулира дека можеби станува збор за DOTA 2), Blizzard на новите корисници им овозможуваат проба на играта до 20 ниво во неограничен временски период.Тој период до сега беше ограничен само на 14 дена, додека сега играчите ќе можат да си направат неколку карактера. 

Прочитај повеќе