Нова година, нова зима и повторно исти проблеми со загадувањето. Штом е поладно, загадувањето на воздухот во градовите полудува. Загадувањето во градовите е толку лошо, што сите кои го дишат воздухот внесуваат отровни ПМ 2,5 честички еквивалентни на неколку испушени цигари. Ова секако е случај во градовите во Македонија, но и во големите центри насекаде. […]

Прочитај повеќе

Градовите во Македонија сè уште не започнале да користат природен гас за загревање, а граѓаните на Северна Англија планираат од 2028 година да започнат да користат водород. Три компании планираат да почнат со тестови кои ќе овозможат загревање со водород. Програмата би требало да започне со 3,7 милиони домаќинства и 400 000 компании, пренесе Ars […]

Прочитај повеќе

Деновиве правев концепти за некои еко предизвици за справување со загадувањето. Предизвиците даваат малку пари, а очекуваат да се постигнат големи работи. Меѓу останатото, почнав пресметка за колку чини да се опреми едно училиште со прочистувачи за воздух. Од едно училиште се префрлив на стан, од стан на цела држава, и дојдов до бројка која […]

Прочитај повеќе

Креаторот на МојВоздух Горјан Јовановски неодамна говореше на TEDxSittardGeleen. Дел од говорот секако беа МојВоздух и загадувањето во Македонија. Сепак главната тема се отворените податоци и можностите кои доаѓаат со нивно користење. Дополнително, Горјан е навистина интересен говорник, темата ви е позната, па можете во целост да уживате во говорот.

Прочитај повеќе

Германските градови сами ќе треба да одлучат дали ќе им дозволат на возачите да возат на дизел. Германија веќе донесе закон со кој до 2030 година сите возила мора да бидат електрични, или барем да не се со внатрешно согорување. Сега судот донесе одлука со која им се дозволува на градските власти да ги забранат […]

Прочитај повеќе

BreezoMeter е апликација која ви помага да дознаете каков е квалитетот на воздухот надвор, дури и кога во близина нема мерна станица. Креаторите на апликацијата велат дека истата е поддржана во 67 држави помеѓу кои е и Македонија. Апликацијата најпрво ги прибира релевантните податоци за загадувањето од блиските мерни станици. Потоа, преку алгоритми го пресметува загадувањето […]

Прочитај повеќе

(Ова е гостински пост на Новица Наков од Слободен софтвер Македонија и е коментар на Апликацијата „МојВоздух“ наскоро ќе овозможи попрецизно лоцирање на загадувачите на воздухот) Што точно треба да прават граѓаните откако на Мој Воздух ќе видат дека некој голем загадувач се наоѓа на 2 километри од нивната улица или населба? Ова прашање, за оние што […]

Прочитај повеќе

Благодарение на поставените мерачи за загадување и апликацијата МојВоздух, податоците за загадувањето се јавно достапни. Но, што ако одговорните ги игнорираат? Ученикот Матеј Плавевски има решение за ова. Неговиот twitter-бот ќе ги извести надлежните дека загадувањето е над нормалата дури и ако тие ги игнорираат претходните сервиси. Еј Општина Велес! Индексот на загаденост во моментот […]

Прочитај повеќе

Екстремно загаден воздух, алармантни текстови за нус појавите и рушење рекорди во категоријата најзагадени градови во светот. Тоа е реалноста и оваа зима во која сите заедно и повторно ќе се гушиме. Со цел да се придружиме кон многубројните апели да се превземе нешто, да се апелира до сите и да се зголеми свесноста за […]

Прочитај повеќе

Горјан Јовановски, креаторот на една од најпопуларните македонски апликации, МојВоздух, ги повика сите граѓани кои можат да си дозволат, да работат од дома оние денови како овој, кога загаденоста на воздухот руши рекорди. „Ова е вонредна состојба. Нема потреба од анализи, истражувања или дискусии за да се донесе тој заклучок. Затоа упатувам апел до сите […]

Прочитај повеќе

За жал, повторно доаѓа оној период на годината во кој се потсетуваме на апликацијата МојВоздух. Викендот кој измина, загадувањето во Скопје и во неколку други градови повторно ги надминува дозволените граници. Горјан Јовановски скромно најавува дека во моментов нема големи новитети околу неговата апликација, но сепак наскоро, за неколку месеци, очекува да има поголема надградба. […]

Прочитај повеќе

Џонатан Роситер на TED го презентираше Row-bot, робот креиран за чистење на водата. Роботот е креиран за чистење на водата од најразлично загадување. Она што е поимпресивно, роботот ќе се напојува од материите кои ги филтрира од водата. Она што го овозможува ова е био-батеријата која би се напојувала од разградувањето на материјата која ја […]

Прочитај повеќе