МојВоздух наскоро добива нова функционалност #ЧистоМиЕ. Функцијата овозможува граѓаните сами да си одлучат дали воздухот е чист, а со тоа автоматски се филтрира целото загадување. Со едно притискање на копче задоволните корисници ќе можат да покажат дека апликацијата лаже, и дека воздухот воопшто не е загаден. Функционалноста доаѓа на барање на корисниците кои долго време […]

Прочитај повеќе

Рециклирам.мк е нов, заеднички проект на МојВоздух и Пакомак. Станува збор за едноставна и прилично корисна алатка која ќе им помогне на сите. Користењето на сервисот е едноставно, а сервисот е главно информативен. Покрај повеќе информации за придобивките од рециклирањето, може да дознаете повеќе и за симболите на амбалажата кои не секогаш значат она што […]

Прочитај повеќе

Android верзијата на МојВоздух има нова функционалност. Благодарение на Copernicus Atmosphere Monitoring Service во апликацијата пристигнаа и сателитски мапи на загадувањето. Веста на блог пост на Medium ја објави креаторот на апликацијата Горјан Јовановски. Податоците се достапни на последната верзија на МојВоздух, а може да ги пронајдете во делот „Мапа“. Ако не знаете каде да […]

Прочитај повеќе

Загадувањето на воздухот е сериозен проблем на повеќе метрополи и поголеми градови. Во Македонија проблем е загадувањето на воздухот во неколку градови, а благодарение најмногу на МојВоздух граѓаните се информираа за загадувањето и опасностите. За прв пат навистина глобална компанија влегува во овој сегмент. Google ќе креира „хит“ мапа од загадувањето, и во зависност од […]

Прочитај повеќе

„Да разјасниме“ е нов проект на Горјан Јовановски, мотивиран од различните толкувања на договорот помеѓу Македонија и Грција. Платформата како и „Мој воздух“ ќе има за цел да ги информира граѓаните и да ја зголеми свеста за некои теми и прашања. Целта на платформата е да им се помогне во политичко и социјално едуцирање на јавноста. […]

Прочитај повеќе

(Ова е гостински пост на Новица Наков од Слободен софтвер Македонија и е коментар на Апликацијата „МојВоздух“ наскоро ќе овозможи попрецизно лоцирање на загадувачите на воздухот) Што точно треба да прават граѓаните откако на Мој Воздух ќе видат дека некој голем загадувач се наоѓа на 2 километри од нивната улица или населба? Ова прашање, за оние што […]

Прочитај повеќе

Горјан Јовановски, креаторот на една од најпопуларните македонски апликации, МојВоздух, ги повика сите граѓани кои можат да си дозволат, да работат од дома оние денови како овој, кога загаденоста на воздухот руши рекорди. „Ова е вонредна состојба. Нема потреба од анализи, истражувања или дискусии за да се донесе тој заклучок. Затоа упатувам апел до сите […]

Прочитај повеќе

За жал, повторно доаѓа оној период на годината во кој се потсетуваме на апликацијата МојВоздух. Викендот кој измина, загадувањето во Скопје и во неколку други градови повторно ги надминува дозволените граници. Горјан Јовановски скромно најавува дека во моментов нема големи новитети околу неговата апликација, но сепак наскоро, за неколку месеци, очекува да има поголема надградба. […]

Прочитај повеќе

Новата iOS апликација иЗдиши (iZdishi) е замена за МојВоздух за корисниците на iPhone, iPod Touch и iPad. Креатор на апликацијата е Кирил Кироски, а станува збор за апликација која го покажува квалитетот на воздухот што го дишеме. Слично како и на МојВоздух информациите се преземени од веб-страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање. […]

Прочитај повеќе

Повторно сме во оној период од годината кога треба да пронајдете простор на вашите телефони за Мој Воздух. Информацијата дека е загадено најверојатно веќе им е позната на сите, но знаењето дека загадувањето е рекордно и воздухoт е опасен за вашето здравје е друг, многу поважен податок. Ако подзаборавивте, апликациајта е креирана од Горјан Јовановски, […]

Прочитај повеќе

Доколку барате причина зошто се повеќе граѓани се гневни, а политичарите се вклучени во вжештени дебати за големата загаденост на воздухот, нема потреба да ја барате подалеку од една едноставна мобилна апликација. Moj Воздух беше креирана од Горјан Јовановски за да му помогне да научи да програмира во Android, користејќи отворени податоци од мерните единици. […]

Прочитај повеќе

Мој Воздух е нова Android апликација која известува за квалитетот на воздухот во неколку градови во Македонија. Креирана од Горјан Јовановски, апликацијата ги поедноставува податоците за воздухот земени од мерните единици ширум државата. За разлика од резултатите презентирани на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои често се прикажани во конфузен формат (ако воопшто […]

Прочитај повеќе