Pingdom објави интересна статистика за се што се случуваше на Интернет во 2010 година, од пратени имејл пораки до користење на сервери и колку фотографии се закачуваат на Flickr. Неверојатно е што за само една година се достигнуваат огромни бројки во комуникацијата и споделување на содржината на скоро 2 милијардата интернет корисници. Еве што вели Pingdom:

Прочитај повеќе

IT.com.mk ви посакува Среќни празници и Среќна нова 2011 година, во која не очекуваат уште неверојатни ИТ уреди и неверојатни ИТ сервиси кои ќе направат неверојатна ИТ револуција. Само погледнете се што се случи во 2010-та и ќе стане јасно дека информатичко-комуникациската технологија е во постојано движење напред рекреирајќи го навикнатото секојдневие во нешто ново и интересно.

Прочитај повеќе

Друштвената мрежа освен што надмина 500 милиони корисници, можеби е поблиску до 600 милиони, во 2010 ја претстави Social Graph опцијата каде секој сајт со Like копчиња и виџети може да се вклучи во друштвеното споделување. Го претстави и Places, направи редизајн на страните, основачот Закарберг беше прогласен за личност на годината од Time, и низ целата година беше во расправии за пропустите во приватноста. А да, имаше и филм за друштвената мрежа.

Прочитај повеќе

Time магазинот објави листа на најдобри уреди на 2010 година. На првото место е iPad-от кој беше една од причините и за Financial Times да го прогласи Стив Џобс за визионер на годината. Потоа следува Samsung Galaxy S, трет е Мacbook Air.

Прочитај повеќе

Стив Џобс е прогласен за визионер на годината, за личност која го издигна Apple на врвот на светот со своите визионерски продукти, од влијателниот Financial Times.

Прочитај повеќе

Mагазинoт Time го прогласи основачот на Facebook, Марк Елиот Закерберг, како личноста на 2010-та. Американскиот магазин секоја година, од 1920-та, со фотографија на почетната страна ја овековечува личноста која најмногу влијаеше, за добро или лоши, на настаните во текoт на годината.

Прочитај повеќе

Се започна со криминал, а заврши со музички хит, вели YouTube за Bed Intruder Song кој е најгледаното аматерско видео на YouTube во 2010 година. Видео сервисот oбјави и временска линија со моменти кои ја одбележаа годината за YouTube.

Прочитај повеќе

Google ги објави најпопуларните и најбарани термини и теми во тек на 2010 година. Меѓу „најжешките“ пребарувања се Светското првенство во Јужна Африка, контроверзниот Chatroulette сервис, поп ѕвездата Џастин Бибер, Apple-овиот iPad, земјотресот во Хаити… и уште неколку термини и теми кои го покажуваат глобалниот интерес за нештата и популарните настани кои се случија во тек на годината.

Прочитај повеќе

Во последниве 20 години на глобално ниво ништо се нема драстично променето, се уште се војуваат „вечните“ војни, се уште американците се против русите и обратно, се уште има филмови со Сталоне и Македонија се уште е во транзиција.

Прочитај повеќе

РобоМак е натпревар во роботика, организиран со цел да ги популаризира роботите меѓу студентите. РобоМак 2010 се одржа изминатиов викенд, а подолу ќе најдете слики и видео од настанот кој е организиран од Институтот за електрични и електронски инжинери (IEEE) и Европска асоцијација на студенти по електроника (EESTEK).

Прочитај повеќе

The Webby Awards се нешто како интернационални веб Оскари каде се наградува достигнувањето во веб дизајнот, интерактивниот маркетинг, онлајн медиуми, видео и музика, како и мобилната технологија.

Прочитај повеќе