Попуст.бе е уште еден, нов агрегатор на групни попусти. Се чини дека идејата за собирање на сите попусти на едно место е премногу очигледна, само беше прашање на време кога ќе се стартуваат агрегаторите.

Прочитај повеќе

Продавницата за веб апликации Chrome Web Store на Google oд самиот почеток нуди над 500 веб апликации. Некои од нив се доста интересни, други се само копија на веб сајт, трети непотребни. А има и корисни алатки или апликации кои до сега беа достапни само за iPhone и iPad, а сега ги имате на вашиот Chrome прелистувач.

Прочитај повеќе

И македонскиот скратувач на линкови 0.мк си доби своја опција за QR код, односно по секој скратен линк со додадавање на наставката ?qr ви се генерира QR код. Пример, http://0.mk/cc25?qr .

Прочитај повеќе

Македонскиот скратувач на линкови 0.mk наполни една година, а за тоа време скрати над 25.000 линкови кои се прегледани неверојатни 1.3 милион пати. Сервисот се појави откако Twitter стана популарна мрежа во Македонија, а откако воведе профили и други опции стана доста корисна алатка за споделување кратки персонализирани линкови и по другите мрежи.

Прочитај повеќе

Еден брз факт: Во Македонија има околу 900.000 интернет корисници. На Facebook 708.000 профили се од Македонија.
 
Oва е доста импресивна и потенцијална бројка на заинтересирани корисници за една држава каде ИТ сцената се уште е зад кулисите, далеку од мејнстримот. Но дали македонскиот Веб нуди нешто повеќе за овие корисници да се ориентираат кон локални made-in-Macedonia веб производи? Како да им понудиме квалитетно искуство на македонскиот Веб?

Прочитај повеќе

0.mk, македонски сервис за кратење линкови, објави нова верзија од сервисот. Покрај новиот дизајн, додаден е блог за новостите, изменета е опцијата за прегледување на линкови, а додадена е можност да се пријави линк доколку е погрешен или ги прекршува правила.

Прочитај повеќе

0.mk стартуваше додаток за Mozilla Firefox. Со додатокот можете лесно да скратите еден линк. Откако ќе се инсталира, додатокот ќе го најдете на менито на десното дугме на глувчето. Одлично е што „Скратете со 0.mk“ e oбоен во плаво па се лесно приметува. „Скратете со 0.mk“ се наоѓа и најдолу десно на Firefox.

Прочитај повеќе

0.mk е македонски сервис за скратување на долгите линкови. Скратувањето на линковите главно служи за сервиси како Twitter, но многу често се користи и во други сервиси бидеќи http://0.mk/s1 изгледа многу подобро од http://it.com.mk/Intervju-so-Apostol-Tnokovski.

Прочитај повеќе