Tag Heuer претстави паметен часовник од 1.500 долари

Швајцарскиот производител на луксузни часовници Tag Heuer започна со продажбата на паметни часовници кои доаѓаат со Android Wear. Без разлика на досегашните Moto 360 и LG Watch Urbane кој изгледаат одлично, Tag Heuer Connected е на повисоко ниво и е првиот паметен часовник кој сакате да го имате. Но, за часовникот ќе треба да платите многу повеќе во споредба со конкуренцијата. Паметните часовници од Tag Heuer чинат 1.500 долари, што е споредливо единствено со Apple Watch. Добра вест е што Android Wear часовниците функционираат и со iPhone, но за жал функционалноста е ограничена.

Како и останатите паметни часовници и Connected изгледа преголем, и затоа нема женски модел. За разлика од останатите луксузни часовници на компанијата, овој пат деловите не се во целост изработени во Швајцарија. Најверојатно најважниот дел е процесорот кој е произведен од Intel. Настрана од високата цена, најголемиот недостаток на паметниот часовник е ист како и и за останатите – хардверот и софтверот брзо застаруваат и нема начин да се надградат, што го направи уредот да биде застарен многу побрзо од луксузните часовници, кои често се наследуваат од генерација на генерација.

Она што можеби е поинтересно е што Tag Heuer го направи Connected од страв дека ќе изгубат дел од корисниците. Tag Heuer не може да си дозволи да изгуби на пазарот на часовници, вели деректорот на компанијата, ЖАн-Клод Бивер зa BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии