Android таблет компјутерите оваа година ќе му го земат првото место на iPad, предвидува IDC

Продажбата на iPad ќе се спушти на 46% учество на глобалниот пазар за таблет компјутери во 2013, бидејќи ќе бидат заменети за се поголемата армија Android уреди, јавува Reuters повикувајќи се на анализата на IDC.

Анализите покажуваат дека оваа година за прв пат Android таблет компутерите со 49 отсто од пазарот, ќе го преземат водечкото место од iPad. Пазарот за таблет компјутери ќе достигне рекордни 190,9 милиони уреди, што е дваесеттина милиони повеќе од ланските 172 милиони уреди. Се очекува продолжување на трендот 50 отсто од продадените таблет комјутери да бидат помали од 8-инчи.

„Отворениот екосистем на Android дозволува поголем број на добавувачи. Отсекогаш сум сакал да имам повеќе железо во огнот, бидејќи на врвот сте најчесто само пет години.“, вели аналитичарот Даг Фридман.

Microsoft Windows таблет компјутерите ќе продолжат со лошата продажба и до 2017 година ќе достигнат само 7,4 отсто од пазарот, но Window RT таблетите ќе останат под 3 отсто. Иако потрошувачите не веруваат во вредноста на Windows RT таблетот, сепак IDC верува дека Microsoft ќе помине подобро доколку се концентрира на Windows 8/

Доколку се остварат предвидувањата на IDC, пазарот на таблет компјутерите ќе го следи сценариото на пазарот на паметни телефони каде iPhone кој го загуби првото место. Очекувањата се дека Samsung – кој на 14-ти февруари ќе го претсатви својот нов Android телефон Galaxy S4 – во 2013 година ќе продаде 290 милиони телефони, а Apple 180 милиони телефони. За двете компании проектираниот раст на продажбата е приближно ист, 33 отсто за Apple и 35 отсто за Samsung.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии