Т-Мобиле ќе нуди 4G мрежа во Скопје и Маврово, но ќе мора да имате телефон со поддршка

T-Mobile Македонија е првиот од трите македонски оператори кој ќе понуди мобилно сурфање преку 4G мрежа. За почеток пристапот ќе биде ограничен на селектирани делови од Скопје, и тоа во Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, и во Маврово. По тестирањето се очекува мрежата да биде пораспространета.

Побрз интернет е секогаш добро да се има, иако во моментов на голем дел од македонски корисници 4G брзина е можеби непотребна бидејќи нема услуги кои нудат стримање HD видео во живо, за што оваа мрежа е добра, ниту пак корисниците можат да си дозволат да гледаат таков стрим преку мобилен бидејќи пола час гледање може да потроши неколку стотици мегабајти. Facebook, закачување на фотографии, сурфање или гледање YouTube функционира одлично преку стабилен и пред се, евтин 3G. Теоретски 4G може да понуди брзина од 1 гигабити во секунда, додека 3G теоретски нуди 100 мегабити во секунда. Но во пракса се зависи од покриеноста и квалитетот на мрежата, сообраќајот кој го издржува операторот, уредот итн., па најчесто е поважно да се има стабилен и евтин 3G отколку со максимална теоретска брзина.

Најголем проблем во адаптирање кон 4G лежи во самите телефони. Tие треба да имаат хардверска поддршка за 4G мрежа, или во случајот на iPhone и уредите на Samsung ќе треба да се инсталира дополнителен софтвер, вели T-Mobile. Тука може да се провери кои телефони поддржуваат 4G. Исто така, корисниците кои имаат постара SIM картичка од пред 2009-та година ќе треба да си извадат нова.

Но, иако не импресионира во моментов, четвртата генерација на мобилни мрежи, или 4G, е наговесник на мобилната (р)еволуција. Со побрз мобилен интернет корисниците ќе се префрлат на помоќни телефони и таблет компјутери, кои ќе можат да ги користат за работа, учење и гледање на видео (пример, серии) со висока резолуција преку неколку-инчните екрани каде и да се.

3 коментари на “Т-Мобиле ќе нуди 4G мрежа во Скопје и Маврово, но ќе мора да имате телефон со поддршка

    1. Добар дел од луѓето не знаат за тоа, а како што можеш да видиш во понатамошниот текст „имањето поддршка“ не се сведува само на функција на телефонот, туку и инсталирање на софтвер, замена на SIM картичка итн.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии