T-mobile и Google го претставија G1

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Денеска беше голем ден за Google во Њујорк. Од рано наутро на улиците на Менхетен можеа да се забележат создавачите на гигантот како со леснотија минуваат низ утринскиот метеж… на ролерки!

Од необјаснети причини засега, Лери Пејџ и Сергеј Брин на ролерки првин се појавија на Гранд Централ терминалот за прес конференцијата за Google Transit сервисот, за да подоцна во текот на денот бидат забележани на прес конференцијата за првиот телефон базиран на Android… повторно на ролерки.

{mosimage}Телефонот G1 создаден од тајванската компанија HTC за T-mobile е првиот мобилен телефон базиран на Android и Linux кој ќе започне да се продава најпрвин на американскиот пазар за цена од 180 US долари со двегодишен договор од 22 Октомври, додека од Ноември е најавена негова продажба во Велика Британија. Според ова темпо, телефонот во останатите европски земји ќе можеме да го очекуваме во првите неколку месеци на 2009.

3G телефонот G1 има вградена 3.1 мега пиксели камера, GPRS, GSM, екран кој работи на допир, и преинсталирани апликации Chrome-lite пребарувач, Google Maps, Gmail, YouTube, Gtalk, Yahoo!, Microsoft и апликација која може да чита Word, PDF и Excel документи. Исто така телефонот има можност за внесување на 1 GB microSD мемориска картичка.

Пред настанот на кој беше најавен телефонот, беше одржана прес конференција за Google Transit сервисот на која беше најавено дека од денеска оваа корисна услуга на Google ќе нуди информации и за њујоршкиот метро систем, еден од најзафатените системи за транспорт во САД, овозможувајќи информации за сите линии и возови на лесен начин.

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии