Што следува сега откако комуникацијата на многумина е нарушена, упропастен е работниот ден, упропасте ни се школските часови… дали T-home ќе понуди бонус бесплатен ден? Додатен гигабајт да се искупи за ова грешка? Не… арогантното однесување ќе продолжи како ништо да не било.

„Имаме проблем со интернационалните врски.“ вели корисничката служба без идеја кога ќе биде решен проблемот. Ниту има официјално објаснување што е проблемот, ниту ќе има професионално извинување. Како ништо да не се случи. 12 часа. Но… затоа на информативната страна за Корисничка поддршка ќе најдете уште реклами и услуги. Каков однос е тоа спрема корисникот кој плаќа за услуга?

Да биде ситуацијата уште позабавна, ова се случува еден ден откако се објави оваа вест – Македонските корисници задоволни од услугите.

„Македонските граѓани се задоволни од актуелните цени што ги плаќаат за фиксен, мобилен телефон и интернет како и квалитетот што го добиваат од овие телекомуникациски услуги. Ова го покажува најновиот извештај на агенцијата за електронски комуникации.“

Ненамерно, но со право АЕК е напишана со мали букви!

Сакате да знаете што мислат интернет корисниците чија работа зависи од таа конекција. Еве го Twitter и еве го форумот за да видите колку се корисниците задоволни. Уживајте!

27 коментари на “T-home Epic Fail!

  1. @ЉЉЉ, при крај сме со подготовките. За еден месец си правиме нов IT.com.mk интернет провајдер! Исто така при крај сме со изработка на нова влада, нов марнет, ново министерство за информатичко општество, нов мобилен оператор… и сите други работи на кои имаме дадено негативен коментар. Ќе те известиме соодветно!

    1. sarcasm owns!

      @љљљ:
      И бај д веј, луѓето се развиле на основа на побунувањето кон тоа што не им се допаѓа. Погледни наназад во историјава и ќе видиш сите клучни настани дека се случиле на основа на бунт.

  2. Абе сите многу јаки сме за јадење на …. Ако сте поспособни од т-home напрајте си провајдер и продавајте интерент ако не барем не кукајте

  3. Де де, нема да умреме без интернет неколку часа. Се случува на сите, неможе да се овозможи 100% стабилност на врска и тоа е тоа. Ипак сметам дека дечките од Т-хоме се најпрофесионални околу интернет услугите, бар кај нас во Македонија. Од друга страна, пак можеа некоја изјава да дадат што се случува, зашто е проблемот, и некоја додатна информација на нивната веб страна, нели?

  4. Нема потреба од вакви наслови. Објективно новинарство биднува и без хејтање. Со вакви статии само си ги затварате вратите пред потенцијалните спонзори.

    1. Не е намерата да се предизвика нервоза, туку го искористивме epic fail како интересен ИТ жаргон кој супер ја објаснува ситуацијата, пример fail се користи за моментот на случувањата.

    2. Не е хејтање. Немањето на интернет е пипава работа. Дури е полошо од немањето на струја (за струја вака така можеш да имаш некаков backup, UPS, агрегат), а за интернет? Не беше ова 5 минути туку неколку саати, а немаш инфо од страна на провајдерот што и како. Тоа е проблемот.

      За мене конкретно, не можев да работам на апликацијата (ми треба интернет за тоа) не дај боже да требаше да правам commits/push/pull од git сервер.

  5. Работам во еден локален интернет провајдер, кој зема интернет од неотел.
    Немаше вакви проблеми кај нас.. така да не ги оправдувајте со: `проблемот беше стварно интернационален` !
    И еден кабел да е скинат, да речеме автопатот накај србија, има бугарија, има албанија, има грчка како бекап линкови..

  6. А лошото е шо и да смениш оператор, пак истото ќе те снајдеше. Колку шо сум информиран и кабелските оператори земаат интернет преку Т – хоум. Има уште многу многу муви да јадат нашиве додека се постигне стабилна интернет мрежа низ цела Македонија.

    1. Грешка си информиран. Телеком веќе неколку години не е единствен оператор со интернационални линкови. Тоа веќе го има секој посериозен оператор во државава.

      1. Реалниот проблем е што Телеком нема сериозни бекап линкови.
        Ах да, исто така Телеком им наплаќа за peering на останатите провајдери (освен на нивниот партнер ONE), па затоа кога ќе му паднат линковите, не може да го прерутира сообраќајот преку нив. Тие можеби не можат да го „покријат“ целиот капацитет на Телеком, но можат многу да му помогнат во таква ситуација. Но, кога некој ти наплаќа за peering (за што нема никаков трошок), некако тешко е да му помагаш кога има проблеми, зарем не?

  7. Ко сте потпишале со ѓаолот. :) А кај имате вие во договорот дека телеком ќе ви пружи пет деветки авејлабилити?
    Да имало, и некако, вака џ муабет. бекап линија за фирмите (проблемот беше стварно „интернационален“), или мрчење, друго нема.
    Ко шо викаат Дарко и Јетон, нема ни извинување од телеком, тоа само кажува колку се они кориснички ориентирани.
    Поздравчиња

  8. T-home, T-mobile се убедливо најскапи провајдери во мк независно дали се работи за мобилна фиксна или пак интернет, ама најинтересно е што сите си ќутат, им одговара така, зошто да плаќаат помалку кога може повеќе имаме ние пари кој е тој што нема?? Да сум јас во менанџерскиот тим би дал предлог да ги зголемат цените на сите услуги за 100% минимум, пак сите ќе си плаќаат, додека има овци ке има и волна, што да се прави, тие се во право, а вие плаќајте си, така сакате поззз

  9. Кој недоквакан пазар сме бе… без најава.. без предупредување, без поддршка… без официјално известување, без ивинување… без отоврени линии…

    Ц, ц, ц,

    Дали може по некој основ да се тужат? Дали во договорите има некоја клаузула за прекини на снабдување или гаранција за квалитет на услугата? Дали ако докажам дека ми наштетиле на бизнисот за извесна сума можам да добијам обештетување?

  10. Оваа дискусија воопшто не е објективна, овде се остават само постови кои пишуваат против t-home, останатите се бришат

    1. Не е објективна? 20 луѓе зборуваат… Во ред. Twitter e јавен сервис. Повели најди ги твитовите кои фрлаат позитивно светло на Т-хоме и ќе ги постирам.

      Имаш и линк до форум дискусија за брзината на СИТЕ провајдери.

      1. А ако мислиш на коментарите. Повели коментирај, пораката ќе ти се појави веднаш – не се претходно администрираат – удри PrintScreen, дај ни ScreenShot дека е избришан коментарот.

        Веруваме во отворена дебата и секое мислење е ценето, без врска дали се слагате со нас, со другите или не. Единствено ќе избришам коментар кој е навредлив и вулгарен, пред се бидејќи има начини како да се каже дури и агресивна мисла со културни зборови.

  11. А јас пак си мислев само јас имам проблеми. Ова на светско ниво никаде го нема… па не некои цели бизниси им зависат од интерент а тие си допуштаат олкав временски период да не лишат од него.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии