Спонзориран текст

Symphony Digital во Скопје, две години потоа: работа од дома по светски стандарди

Спонзорирано од Symphony Digital

во feature, Интервјуа, ИТ.МК, Спонзорирани

Image Courtesy of Symphony Digital

Symphony Digital е брзорастечка ИТ компанија која покрај решавањето на едни од најтешките предизвици во ИКТ индустријата, амбициозно инвестира  во личниот и професионален развој на своите вработени преку невообичаена интерна култура и начин на работење.

Основана под мотото “симфонија не може да се отсвири од само еден човек” веќе 15 години оваа ИТ компанија работи со светски брендови преку своите канцеларии во Сан Франциско, Амстердам, Берлин, Лондон, Сараево, Белград, Нови Сад, на што се надоврза и новото поглавје  со проширување на тимот со уште еден развоен центар – лоциран во Скопје.

Идејата за отворање на скопската канцеларија, менаџментот на Symphony Digital ја започна уште пред четири години, со истражување и анализа на пазарот и неговите капацитети. По согледувањето на потенцијалот на пазарот и интензивната комуникација во 2018, одлуката дојде прилично лесно и по поставувањето на стратегијата, реализацијата започна во 2019…

Игор Николовски, генерален менаџер на канцеларијата во Скопје

“Покрај потенцијалот за развој на бизнис на ИТ индустријата во Македонија, клучни фактори беа и споделените вредности и визија со основачите за компанијата за поставување на центар кој ќе биде воден од културата и целосно ориентиран према луѓето. Развојните центри на Symphony Digital во регионот, иако географски блиску, изобилуваат со културолошки специфичности кои носат додадена вредност за секој центар на Symphony Digital. Токму тие разлики не надополнуваат, бидејќи учиме едни од други со што и заедно растеме. Размената на добри практики, пилот активности и процеси, односот према луѓето, работењето, се само дел од таа динамика. Оттука, не треба да ве изненадува зошто целото наше функционирање е базирано на таа култура на споделување, на учење, поттик за развој и целосна поддршка. Креираме средина во која членовите на нашиот тим континуирано растат и се развиваат, со динамика која самите ја поставуваат. На тој начин ги поставуваме и темелите за понатамошен раст..” – изјави Игор Николовски, генералниот менаџер на канцеларијата во Скопје.

Канцеларијата во Скопје сега е целосно функционална, и брои скоро 50-тина професионалци. Желбата да им обезбеди балансиран живот на своите вработени Symphony Digital ја практикува и во време на предизвици од типот на COVID-19, каде што вработените работат од дома преку интересен remote-модел кој се фокусира на:

  • Центар за континуирана поддршка на Symphony Digital заедницата,
  • Постојани работилници за личен развој и техничко унапредување,
  • Иницијативи за оддржување на на физичкото и менталното здравје, и општата благосостојба на тимот, 
  • Онлајн сесии за забава и тим билдинзи (Happy Hours, гејминг турнири, шах, шоу со готвење…)
Работа, но и забава од дома

Концептот на градење на еден тим, една заедница наместо повеќе оддели е всушност тоа што Symphony Digital ја прави успешна компанија која бележи глобален раст и во 2020-та – и покрај сите пазарни ограничувања кои ги наметна пандемијата. 

“Symphony Digital е компанија која води постојана и беспрекорна грижа за своите вработени. Чест и огромно задоволство е да се работи во компанија која дозволува да бидеш свој, која знае да ги препознае вистинските ведности на секој вработен и да ги искористи на вистинскиот начин, која овозможува постојано да растеш и да се надоградуваш, компанија која ги следи иновациите и дава можност како вработени да бидеме секогаш во тек со последните случувања во технологијата. Она што лично мене ме воодушевува во Symphony Digital е начинот на комуникација, чувството дека си прифатен и ислушан, чувството дека секогаш си опкружен со прекрасни и позитивни колеги кои брзо прераснуваат во пријатели, спреми да помогнат во секоја ситуација.” – Елена Ќаева, софтвер инженерка во Symphony Digital. 

За неа, како и другите вработени, во соочувањето со кризата Symphony Digital како компанија се покажала во право светло – поставувајќи ја грижата за вработените на највисоко ниво.

“На секоја новонастаната состојба гледаме како предизвик, така беше и за пандемијата. Symphony Digital зрело се соочи со овој нов предизвик, постапуваше согласно препораките, а грижата за вработените секако беше на највисоко ниво. Се организираа и редовни сесии со основачите каде транспарентно се споделуваа сите информации и бизнис апдејти за време на пандемијата. Работата продолжи да се одвива онлајн, не не изостанаа и онлајн дружењата преку организација на работилници, teambuilding активности, и секако, пакетчиња полни изненадувања на домашна адреса. Омилени ми се сите онлајн групни активности, формални или неформални, во кои се дружиме и разменуваме искуства со колегите, заедно решаваме проблеми и се соочуваме со сите предизвици кои ни ги носи новото време.” – дополнува Елена.

Дел од тимот во Скопје

Негување на уникатната интерна култура, развој и соочување со предизвиците во индустријата се главните фокуси и во 2021 на Symphony Digital, а менаџментот е убеден дека големите планови за претстојниот период се лесно остварливи имајќи солиден тим зад себе.

“2020-та беше предизвикувачка, но и значајна за нас од повеќе аспекти. Успеавме да ги реализираме сите планирани активности и цели, а истовремено потврдивме дека можеме да фукнционираме сосема нормално и во целосно remote услови. За нас 2020-та, па и 2021-та се години на раст. Бизнисот растеше, во екот на пандемијата стекнавме нови клиенти, а развојниот центар во Скопје порасна за 100%. Тимот продолжува да расте и да се шири, отворени сме за инженерски mind-set и веруваме дека со посветени инженери ќе продолжиме да растеме заедно. Споделените вредности и компатибилноста на тимот се клучни за среќата и задоволството на нашите луѓе.“ – сподели Игор.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony.is. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

1 коментар на “Symphony Digital во Скопје, две години потоа: работа од дома по светски стандарди

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии