Спонзориран текст

Symphony Digital: Tајната на нашиот раст е во постојаниот развој на луѓето

Спонзорирано од Symphony Digital

во ИТ.МК, Спонзорирани, Статии

Голем број ИТ компании тежнеат кон воспоставување на интерна култура која функционира, ги прави луѓето среќни и дава резултати, меѓутоа реалноста е дека мал број од нив навистина успеваат да ја постигнат таа цел… 

Sympony Digital, компанијата која пред 2 години го отвори својот петти развоен центар во Скопје, ја открива тајната за како една ИТ компанија може да просперира и расте преку инвестирање и развој во луѓето кои се дел од самата компанија. Со своето 15 годишно искуство во развој на софтвер и напредни ИКТ решенија за глобални клиенти и стотици вработени ширум светот, Symphony Digital има воспоставено низа можности преку кои успева да поттикне раст кај секој поединец во компанијата – индивидуален раст кој придонесува кон колективен успех.

Покрај класичното кариерно унапредување во самата компанија, компанијата спроведува и развојни активности кои освен очекуваните технички унапредувања како совладување на нови технологии, кариерен скок од една во друга технологија, содржат и активности кои даваат простор за развој на меките вештини – со акцент на комуникација, презентација, тимска работа, раководење со време па дури и справување со стресот. 

Воспоставеното кариерно советување, искуство во препознавање на потенцијалите на вработените и инженерскиот пристап на размислување на Symphony Digital и овозможува да создаде терен и заедница која пружа поддршка за сите поттикнати од желбата за развој и учење.

Јан Маринчек, Head of Software Engineering

“Рецептот за кариерен успех е циклус на едноставни активности: работа, грешки, учење и подобрување. Symphony ми овозможи средина и услови каде што овој циклус го забрзав неколкукратно.  Најголема вредност за мене има усогласувањето на моите лични цели и интереси со целите и потребите на Symphony. Мислам дека ова е vice-versa, од аспект на континуирана поддршка и стимул за развој. На тој начин, со секој успех имаме win-win ситуација на повеќе нивоа. Дополнително, Symphony е заедница во која колегиумот дели исти клучни вредности, и секој член придонесува за целата позитивна атмосфера и супер соработка. Мускетарското “one for all all for one”. :) – раскажува Јан Маринчек, кој пред две години започнал како сениор софтвер инженер во Symphony Digital а сега го предводи одделот за софтверско инжинерство.

Symphony Digital се гордее со својот индивидуален пристап кон секој вработен, пристап кој се состои од изработка на детален план за личен развој кој покрива и технички и меки вештини. Тимот кој го предводи секторот за кариерен развој преку индивидуални сесии и групни работилници постојано работи да им помогне на вработените да ги следат и остварат поставените цели во своите планови. Овој развој не се случува само преку дополнителни сесии, туку истиот е вграден и во начинот на секојдневната работа – од распределба на кој тип на проекти ќе работат вработените до внатрешни споделувања на знаења и искуства. 

Дека ваквиот пристап им помага на вработените потврдува и Тиана Грошева, која пред неполни две години, преселувајќи се од Берлин во Скопје, започна на позиција Product Owner, а сега координира проекти како Service Delivery Manager.

“Непосредно при завршувањето на праксата во Берлин – бев мотивирана да работам како Product Owner па така и започнав со потрагата по соодветно работно место. Локацијата не играше голема улога колку квалитетот, иновативноста и потенцијалот на компанијата, предизвиците на позицијата, можноста за развој и позитивната работна атмосфера. По иницијалниот разговор со Symphony и желбата да се продолжи со процесот на регрутација – враќањето дома доби дополнителна доза возбуда и љубопитност.” – раскажува Тиана.

Тиана Грошева, Service Delivery Manager

Таа додава и дека “искуството кое го имам стекнато во тој краток рок ме има изградено и подготвено за разни предизвици. Ова го кажувам бидејќи за кратко време имав можност да работам на различни проекти од различни индустрии, да изучувам разновидни технологии, методологии и алатки, да соработувам со експерти од различни култури и области и да чувствувам како напредувам и придонесувам. Интересно е што секој проект доаѓа со свои очекувања – како за производот, така и за мојата позиција во тимот, така што активно работам на сопствениот развој во компанијата и ја приспособувам мојата улога во тимот согласно потребите на проектот.”

Како компанија која има над 300 вработени, еден од најинтересните аспекти во развојот на вработените е интерниот трансфер на знаење помеѓу развојните хабови. Во самата компанија има тимови кои работат дисперзирани по различни центри и токму тој пристап овозможува секојдневно споделување на искуства и зајакнување на врските во Symphony Digital заедницата. Иако форматот на интерни сесиите за споделба на знаење варира – од технички презентации за проектни предизвици до новитети кои вработените ги претставуваат, од сесија на која присуствуваат неколку луѓе до презентација пред сите 300+ вработени. Во трансферот на знаење помагаат и редовните MeetUps кои секој развоен хаб ги организира постојано.

“Генерално, многу сум задоволна што во Symphony забележувам користење на многу практики и методи кои се покажале успешни од моето искуство во Германија. Впечатлива е и отвореноста на компанијата за предлози и совети за подобрување на работните процеси, квалитетот на работата, но и целокупното задоволство и соработка на вработените.” – дополнува Тиана.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony.is. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии