Спонзориран текст

Symphony Digital: Окружување креирано согласно различните потреби на секој член на тимот

Спонзорирано од

во ИТ.МК

ИТ компаниите функционираат во специфични екосистеми каде што навистина неопходно за успехот е интеграција на сите вработени најпрво интерно, а потоа и со најблиската локална заедница. Длабоко вкоренето меѓу професионалците во оваа индустрија е верувањето дека работното место треба да биде хумана средина која ќе придонесе не само за развојот на личните знаења и вештини, туку и за севкупниот развој на пошироката средина. 

Клучна вредност на Symphony Digital е дека ние > јас – и дека соработката е дел од компаниската ДНК: но, луѓето се индивидуалци, а локалните заедници имаат различни и специфични потреби, па затоа мотото на градењето на заедницата поаѓа од фактот дека сите членови на тимот можат да изберат што ги мотивира и прави среќни.

„“One size does not fit us all” не е слоган, повеќе опис на нашата култура. Секој член на нашиот тим го трасира својот пат на раст и развој, а паралелно на тоа има низа активности за сечиј вкус (едукативни, спортски, забавни, хуманитарни). Оттука, тоа и ја опишува компаниската култура која не е по една единствена мерка/калап, туку повеќе е флуиден пристап по кој секој член/ка на нашиот community останува свој/а а има можности за баланс на работа, опции за учење, за раст, забава и добросостојба.“ – велат од Symphony Digital. 

Symphony Digital е пред сѐ tech-заедница, фокусирана на трансфер на знаења и искуства и можности за развој и учење. На пример, инженерите вработени во Symphony Digital имаат можност за 1:1 менторинг, доколку сакаат да ја променат технологијата во која работат. 

„Организираме низа интерни Tech Flow сесии на кои се споделуваат искуства и пратични примери. Во сличен формат ги организираме и нашите добро познати MeetUp-и, на кои говорници се нашите колеги од Скопје и од другите развојни центри, на кои присуствуваат неколку стотина слушатели од повеќе од 10 различни земји”, додаваат од таму.  „Стекнувањето на нови знаења и искуства доби нова димензија со основањето на Data Science Club-от. Клубот е менториран од колегите во Скопје кои се DS експерти, а вклучува 20 – тина data science ентузијасти од Скопје и Ниш. Data Science Club-от е моментално активен во развојните центри на Symphony Digital во Скопје и во Ниш, но во иднина се планираат и екстерни MeetUp-и на теми од областа”.

Како и секаде, пандемијата имаше огромно влијание врз работата и компаниската култура на Symphony Digital. Марјан Степановски, Community Manager во Symphony Digital во Скопје, додава дека пандемијата, и покрај работата од дистанца – го зајакнала тимскиот дух: „Пандемијата “ни даде” исклучително краток рок, па за само 48 часа се сетиравме на новата нормала. Како и со секој предизвик, многу реално, агилно и ентузијастички пристапивме кон новото поглавје што подразбираше континуирана поврзаност и креативност. Затоа се фокусиравме на зајакнување на нашата клучна вредност – меѓусебната поддршка и нејзината рефлексија на remote mode-от. 

Учевме едни од други и едни за други. Задржавме исто ниво на ефикасност и професионалност, remote дружби во различни форми, па и remote добредојде за сите наши нови членови со исто ниво на грижа и посветеност како и претходно. Во 2020та, која беше година на раст за нас, успеавме во од да го растеме тимот и да го јакнеме тимскиот дух со таа достапност и култура на поддршка. До ден денес, членовите на нашиот тим знаат дека само со една порака на Slack имаат на кого да се обратат за совет, помош, па и кафе муабет. Активностите варираа, од онлајн готвење и квизови, до трчање и возење виртуелни трки, редовни работилници и  сесии за поддршка. Неспорно е дека физичкото присуство недостасува, но веќе отворивме “сезона” на дружби на отворено,во парк и на нашата омилена тераса, па со задоволство на тие дружби се сеќаваме на сите лапсузи и забавни моменти од многуте remote настани на кои си поминувавме одлично. “

„На почетокот и пред пандемијата секојдневно се дружевме на работа, имавме заеднички ручек подготвен од нашиот кувар, а за време на пауза заедно пиевме кафе на тераса. Денес поради тоа што работиме од дома комуникацијата премина онлајн, имаме slack канали за комуникација, заеднички zoom средби, онлајн тим билдинзи, квизови и многу други онлајн настани и секој четврток имаме избор на храна која ни е доставена до дома. Сепак и на почетокот и сега Симфони заедницата ги негува истите вредности: позитивна работна атмосфера и енергија, пријателски и амбициозни колеги, отворена комуникација и транспарентност.“, вели  Ангела Трпковска, софтвер инженерка која е е дел од тимот на Симфони Дигитал од 2019 година, кога заедницата беше составена од само десетина членови.

Младен Коруноски, Data Scientist, пак „влета“ во приказната на Symphony Digital во време на активна пандемија, во 2021 година. Екстремно е задоволен од onboarding процесот, а за remote работењето вели дека ги срушило стереотипите за наводна непродуктивност, притоа оставајќи повеќе време за блиските: „За самата организација на целиот онбординг процес и надминување на потешкотиите во услови наметнати од пандемијата најзаслужен е community тимот на кој сме екстремно благодарни. Можам да кажам дека како тим покажавме дека сме флексибилни и подготвени да се прилагодиме дури на големите животни промени, со соодветна поддршка и соработка“ вели Младен.  Додава и дека: „во Symphony онбордингот е насочен не само кон техничките аспекти, туку подеднакво и кон интеграција во културата и социјализацијата. Целото тоа искуство ме мобилизираше со практики со кои и јас во иднина ќе придонесам кон топло добредојде на новите колеги.“ Неговиот заклучок е дека  „аt Symphony, we take our culture seriously (even remotely)“.

Најмладите не беа заборавени во пандемиската транзиција: „Пакетчиња со изненадувања се дел од редовната пракса, па како и сѐ останато, во пандемијата и нивните активности се префрлија во онлајн формат, но забавата и детската искреност кулминираа. Од пролетни детски претстави – каде се рецитираше, пееше и црташе за пролетта, до онлајн маскени претстави со претставување на секоја маска, па сѐ до првите школски денови – каде детската креативност беше во фокус.“

Исто така, не е заборавена и физичката активност, но и одговорноста кон пошироката заедница. Со откажувањето на сите маратони во 2020-тата, Symphony Digital решава да  да организира виртуелен маратон за сите вработени од сите развојни и бизнис центри, со цел да се спои „убавото со корисното“: „Имавме трки на 5км, 21км, и штафети, а се возеа точаци на 50км и 100км. Сите резултати беа достапни на нашиот Страва клуб, па соодветно ги добивме и победниците во секоја категорија. Особено горди сме на првото место во штафетната трка на 21км, како и двете втори места во полуматаронот во машка и женска категорија. Симфони Виртуелниот маратон беше отворен за сите вработени, а богатиот награден фонд беше соодветно поделен по земјите од каде доаѓаа и учесниците. Нашиот супер тим од Скопје обезбеди средства кои подоцна беа во целост донирани во една од најактивните организации кои помагаат на децата.“

Гледајќи кон предизвиците на иднината, во Symphony Digital се оптимисти. „Следните предизвици се врзани со сѐ поизвесната хибридна иднина, каде балансот на старата и пандемиската “нормала” ќе изродат една нова и комбинирана реалност. Добро е тоа што потврдивме дека и во remote mode го задржавме нивото од претходно, а и дека можеме со исто темпо да продолжиме во хибридната иднина. Веќе и нашите едукативни работилници започнавме да ги организираме во хибриден формат – паралелно во живо и онлајн. Остануваме доследни на тоа дека во нашиот community секој го наоѓа своето место и добива индивидуална поддршка. Само на тој начин можеме да се справуваме со предизвиците и да продолжиме да растеме заедно со задржување на квалитетот во секоја форма, без оглед на окружувањето – физички заедно или remote.“ – велат од таму.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony.is. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии