Спонзориран текст

Symphony Digital: Агилноста и адаптибилноста се клучни за успех

Image Courtesy of Symphony.is

Со нескротливиот напредок на дигиталната трансформација, особено поттиканата од COVID-19, бизнис секторот постојано има нови барања и предизвици на кои првенствено ИТ компаниите треба да одговорат. За да успеат ИТ компаниите да одговорат на барањата, адаптираат разни специјализирани методологии на работа кои доколку се следат овозможуваат полесно менаџирање и одржување во процесите како доставувањето на дигитален продукт или софтвер.

Како ИТ компанија која 15 години работи на развој на софтверски решенија за стартапи и глобални светски индустриски лидери, Symphony Digital го наметнува Scrum не само како методологија (framework) во секојдневната работа, туку како начин на размислување. Ова и овозможува на компанијата да ја оправда довербата дадена од светски брендови кои ја ангажираат Symphony Digital за дизајн и развој на софтвер и апликации, дигитални продукти и поставување и одржувањето на инфраструктурата зад самите проекти.

Во Symphony Digital генералното размислување е дека пред да се напише дури и една линија код, инженерите и “product owner”-ите треба првин да работат со клиентите за да ги идентификуваат целите, техничките спецификации и да изградат прототип на бараните продукти. Symphony Digital го користи и спринт дизајн моделот на Google Ventures за да изгради, рафинира и да тестира прототипови кои ќе имаат оптимален продуктен план кој ќе достави вистинска вредност при лансирање.

За да ги постигне саканите резултати, Symphony Digital создава култура на вистински партнерства – преку дедицирани и дистрибуирани тимови. Компанијата нуди консалтинг услуги за корпорации и инвестициски фирми базирани на искуството од успешно завршени стотици дигитални проекти и решенија на едни од најголемите компании во светот.

Во своето портфолио, компанијата има 4 од 10-те најпочитувани брендови во светот според листата на Fortune за 2020 година и активно работи на проекти во фин-тек индустријата, аугментираната реалност, биотехнологија и музичката индустрија. 

Тимот на Symphony Digital брои повеќе од 350 вработени, а меѓунив е и Ацо Латкоски, првиот Service Delivery Manager во развојниот центар во Скопје кој на тимот на Symphony Digital му се има приклучено од јануари, 2020-та година.

Ацо Латкоски, првиот Service Delivery Manager во развојниот центар во Скопј

“94% of problems in business are systems driven and only 6% are people” – Dr. W Edward Deming

Сите сме слушнале примери каде што клиентите се пожалиле дека нивните очекувања не се постигнати. Најчесто овие проблеми се поврзани со самиот процес/систем а не со луѓето. 

Еден систем може да го опишеме како колекција од елементи, кои имаат интеракција помеѓу себе со цел да постигнат одредена цел.Соодветно на ова, “service delivery” е еден таков систем кој што се состои од повеќе компоненти кои што се зависни едни од други и кои имаат за цел успешно да ги достават договорените услуги на клиентите. Јас како “Service Delivery Manager” најчесто се фокусирам на одблокирање, дизајнирање, подобрување и правење проверки на “service delivery” системот, со цел да се минимизира разликата помеѓу очекувањата кои ги има клиентот и реалните можности кои ги нуди системот. Со други зборови, мојата задача е да се осигурам дека договорените услуги се доставени навремено и со очекуваниот квалитет.” – ја опишува својата работна позиција Ацо, додавајќи дека адаптабилноста на процесите е она што е клучно за успех на даден проект. 

“Другата работа што лично многу ми се допаѓа во Symphony Digital е што секој од процесите или иницијативите има можност за адаптирање спрема локалниот хаб. Без разлика дали е тоа некој интернационален сертификат кои самите можеме да си го избереме, или организирање на академија за унапредување на некоја вештина, нашaта повратна информација навистина се користи за да се адаптира процесот на начин на кој што нас ќе ни даде најмногу вредност. Од страна на користените методологии на работа, бидејќи најчесно користиме Agile methodology, добиваме поддршка од “Agile coach” кој има преку 20 години искуство во различни компании, и навистина знае како да ни го пренесе неговото знаење и да ни помогне кога има потреба.”

На тема агилно работење и практикување на оваа проект менаџмент филозофија и нејзините методологии, Јасмина Јованова како Service Delivery Manager предност дава на адаптабилноста кон промените и особено ја препознава поддршката која Symphony Digital како компанија и ја дава за прилагодување и континуирано унапредување.

Јасмина Јованова, Service Delivery Manager

“Адаптабилноста е од клучно значење, бидејќи не оди сè според планот на работа и во животот. Агилниот контекст овозможува да се прилагодувате на сите околности во однос на наидените промени. Дали ќе се фокусираме на суштината или формата, зависи од нас. Јас секогаш имам тенденција да се прилагодувам на проектната и тимска динамика, односно да ја живеам агилната прилагодливост и да се фокусирам на суштината. Се трудам да следам еден т.н. “light” пристап за да го олеснам процесот на носење дополнителна вредност со секој деливери кон клиентот.  Се залагам за пристап на заеднички напори, каде сите членовите на тимот го делат истото чувство дека тимот работи и дава вредност како целина. Да се ​​биде дел од тим споредбено со работењето со група на луѓе е основа за секој успех.Можеби имаме различна “sвезда” на секој спринт, но целиот успех е вистински тимски напор. Заедно со сите практични предности, ова е шармот на агилните контексти. Особено ме импресионира поддржувачкиот пристап на Symphony Digital, отвореноста и културата на континуирано учење и развој. Се чувствувам слушнато и стимулирано да дејствувам и да бидам креативна. Здравата и позитивна средина се клучен предуслов за успешен деливери.” – дообјаснува Јасмина. 


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony.is. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии