Symbian e мртов, но има време за Nokiа да објави нова верзија Anna

Виктор Дано

во Мобилни

Symbian е платформа во изумирање, се знае крајот кога ќе престанат да се продава – 2012-та, ќе биде заменета со Windows Phone. Интересно, еден ден пред објавување на новата верзија Nokia рече дека го става до-сега-слободниот Symbian под рестриктивна лиценца.

Но, Nokia најави дека ќе испорача 150 милиони Symbian телефони до крај на 2011-та, а целта можеби се новите пазари. Имено, X7 моделот, покрај 8 мегапискели камера (камерите секогаш се одлични за Nokia телефоните), има опција за директо поврзување со кинеската RenRen друштвена мрежа, што, нели, сугерира дека телефонот ќе биде наменет за кинеската публика. X7 и E6 моделите ќе се појават летово и ќе чинат 380, односно 340 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии