Свирете на пијано со вашите пријатели онлајн

Имате девет другари, огромна желба за свирење на пијано, но не и пијано? Приближете се поблиску и читајте внимателно, имаме сајт само за вас.

Shared Piano е нова алатка која ви дозволува онлајн да работите на некоја музичка композиција со други луѓе. Откако ќе го споделите линкот со до девет други лица, можете да го користите глувчето, или тастатурата за да притискате на соодветните клавиши. Звуците кои ќе бидат произведени вака, можат да бидат видени и чуени од останатите корисници, а во кој било момент, можат и останатите да се приклучат на вашата изведба.

Shared Piano ви дозволува да приклучите и MIDI клавијатура на вашиот компјутер, преку USB. Во тој случај, мора да се погрижите самиот прелистувач да поддржува WebMIDI, како Chrome. За време на вашите музички сесии, не сте ограничени само на користење пијано и може да изберете и промена на инструменти, се со цел композицијата да ја добие саканата динамика, а вие да произлезете со групен хит со кој вистински можете да се гордеете. Или нешто слично на тоа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии