Светот се збогува со брилијантниот Стивен Хокинг

Дејан Соколоски

во Вести

Светот остана посиромашен за еден навистина огромен ум. Легендарниот физичар и космолог Стивен Хокинг почина на 76 години. Во текот на својот живот тој напиша повеќе книги кои значително влијаеа на сфаќањето на универзумот.

Г. Хокинг беше болен од Лу-Геринг и кога му била дијагнозирана болеста во 1963, докторите му предвиделе едвај 2, 3 години живот. Сепак останува еден од најголемите умови, и најверојатно човекот кој најдобро ја разбира вселената. Освен по научните достигнувања, останува да биде инспирација за следните генерации.  Да се потсетиме на дел од мислите кои г. Хокинг му ги остава на светот.

„Мојата цел е едноставна. Потполно разбирање на универзумот, зошто е каков што е, и зошто воопшто постои“.

„Немаше да биде некој универзум да не беше дом на луѓето кои ги сакаме“.

„Ние сме само напреден вид на мајмуни на мала планета која кружи околу просечна ѕвезда. Но, може да го разбереме Универзумот. Ова не прави навистина посебни“.

„Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, туку илузијата на знаење“.

„Треба само да се погледнеме самите за да видиме како интелигентен живот може да се развие во нешто што не сакаме да го сретнеме“.

„Прво, запомнете да гледате нагоре кон ѕвездите, а не долу во вашите нозе. Второ, никогаш не се откажувајте од работа. Работата ви дава значење и цел, а животот е празен без неа. Трето, ако имате среќа да пронајдете љубов, запомнете дека е тука и не ја фрлајте“.

„Тивките луѓе имаат најгласен ум“.

„Интелигенцијата е способност да се прилагодите на промените“.

„Моите очекувања паднаа на нула кога имав 21 година. Сè оттогаш е бонус“.

„Верувам дека наједноставното објаснување е дека нема Бог. Никој не го створил универзумот и никој не управува со нашата судбина. Ова ме доведува до сознание дека најверојатно нема ниту задгробен живот. Имаме само еден живот да му се воодушевуваме на дизајнот на универзумот, и за ова сум исклучително благодарен“.

„Колку и да изгледа тежок животот, секогаш има нешто што може да направите, и да успеете во тоа“.

1 коментар на “Светот се збогува со брилијантниот Стивен Хокинг

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии