Светот на магијата постои; ќе го најдете во единствената продавница за игри на табла Гоблин

Игрите на табла се неизбежна иконографија кога станува збор за светското поимање на гиковите насекаде. Ако светот досега речиси целосно ја прифати оваа култура, во Македонија овој дел е оставен на ентузијазмот на Владимир Трајчевски, Самоил Петрески и Виктор Георгиев, тројцата основачи на единствената продавница за игри на табла и друштвени игри со карти „Гоблин“.

Гоблин постои уште од 2003 година кога организираа турнири за Magic, за жал ако во светот ваквите турнири не ретко имаат и над стотина посетители, па на меѓународните турнири и над 1000 учесници, во Скопје бројот на активни учесници на турните е помал од 50. Друштвените мрежи и посветеноста на продавницата допринесуваат се поголем број на турнири за промоција на игрите и на локалната сцена. Во светски рамки YouTube каналите како Tabletop во кои редовни гости се актери, писатели и медиумски ѕвезди, допринесуваат за се поголема популарност на игрите. Огромната популарност значи дека натпреварувачките турнири имаат наградни фондови од стотина илјади долари, а дел од играчите имаат и сопствени спонзорски договори. Ова е случај и за игрите како Ticket to Ride, а победникот на нивниот турнир Days of Wonder го наградува со соодветна награда „платено патување со трансибирската железница“.

Покрај организирањата на квалификациите за светски првенства во Magic, Гоблин организира презентации и играње на игри на табла каде заинтересираните може да дојдат да играат и да видат дали некоја од игрите е вистински избор за нив. Од неодамна посебен ден во Гоблин има и играта со минијатури Warhammer 40.000, а креативноста на играчите кога станува збор за боење и склопување на истите е извонредна.

Бројот на играчи кај нас е мал, што можеби е и разбирливо со оглед на платежната моќ и големината на пазарот, но уште поважно менталитетот и недостатокот на играње на овие игри. Изненадувачки, но и покрај тоа што германскиот производител Ravensburg прави сложувалки од 1890 година, кај нас сè уште има луѓе на кои дури и сложувалките им се целосно непознати. Овие одлични сложувалки може да ги најдете во Гоблин и во книжарите низ Скопје.

„На запад игрите на табла се фамилијарна работа, семејството се собира за викенд и заедно играат, кај нас ваквата пракса е сè уште неприфатена. Во последно време луѓето знаат повеќе и поретко гледаат на игрите како единствено на детска работа, сепак перцепцијата не е на завидно ниво и играњето на игри со карти и минијатури сè уште не е широко прифатено.“, вели Владимир Траjчевски, еден од основачите на Гоблин.

Играњето TCG Trading Card Games не е евтино, цените на некој од картите се 20 па дури и над 200 или 300 долари, што со ваков стандард остава голем дел на вештините на играчите рано да ги препознаат квалитетните карти, кои ќе го подобрат нивниот шпил или подоцна менување на картите. Поради цените македонските играчи мора да бидат поснаодливи, да си ги менуваат картите. Играчите од државите со поголема платежна моќ можат да купат повеќе бустер карти и да ги отворат, додека за правење на идеалниот дек кај нас играчите почесто се менуваат.

„За да бидеш добар во игрите (Magic) мора да вложиш време, мора да ги знаеш картите и да играш, не може да седнеш и да победуваш без вложено време.“

Игрите на табла и игрите со карти може да се играат и онлајн. Своја онлајн верзија има Magic, а сервисот Roll 20 овозможува играње на голем број на игри со играчи од целиот свет, сепак играњето лице во лице е сосем поинакво искуство. Hearthstone на Blizzard e најновиот пример како игрите со карти се префрлаат во дигиталниот свет.

Како видео игрите, и игрите на табла и игрите со карти овозможуваат да поминете време со вашите пријатели или со вашата фамилија, но дел од нив се прозорец во еден сосема друг свет, кој овозможува за кратко да бидеме моќни воини, мистични волшебници или опуртунистички крадци. За разлика од видео игрите овие игри овозможуваат повеќе социјализација и креативност, бидејќи во поголем најголем дел се оставени на фантазијата на играчите. Во светот игрите се прифатени од околината, а одамна фамилијарните игри се омилен начин на поминување на слободното време за целото семејство. Small World, Settlers of Catan, Dixit или Ticket to Ride го заменуваат традиционалниот Monopoly на масите на играчите, а Magic, Yu-gi-Oh или World of Warcraft TGC го наоѓаат своето место за страствените играчи кои ги покажуваат своите вештини на турнирите низ целиот свет.

Љубителите на игри на табла веќе знаат, но доколку сте заинтересирани за магичниот свет посетете го Гоблин во Буњаковец, или преку друштвените профили дознајте за кога се закажани настани.

1 коментар на “Светот на магијата постои; ќе го најдете во единствената продавница за игри на табла Гоблин

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии