Светот им припаѓа на роботите, истражувачи од Georgia Tech креираа вештачка интелигенција која ре-креира видеоигри

Развојот на видеоигри наскоро би можел да добие нова и многу корисна алатка. Институтот за технологија на Georgia Tech креираше вештачка интелигенција која може да креира енџин за видеоигри. Секако станува збор за едноставни игри, но ова се само почетоци.

Вештачката интелигенција за помалку до две минути анализа на видео од видеоигра, успеа да рекреира енџин за видеоиграта која ја анализираше. Алатката може од видеото да креира сè што е потребно, од презентацијата на графика до движењето на карактерот.

Резултатите не се идеални, но се изненадувачки блиски до оригиналот. Досега истражувачите ги анализираа и креираа: Super Mario Bros, Mega Man и Sonic the Hedgehog. На сликите од левата страна се видеата од оригиналните видеа, од десната страна се видеа од креираните игри.

„Нашата вештачка интелигенција креира модел без воопшто да го погледне кодот на играта, и креира поточни предвидувања за идните настани од конволуционалните невронски мрежи. Едно видео не може да креира идеална репродукција на играта. Само со неколку видеа ќе може да добиете нешто што е многу блиску“, вели Метју Гузидал, главен истражувач на проектот.

Технологијата се базира на едноставен алгоритам кој пребарува по повеќе познати сетови на правила. Потоа, врз база на препознавање на правилата, се ре-креира играта.

Повеќе податоци за истражувањето и проектот може да пронајдете на страницата на Georgia Tech.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии