Светилка со проширена реалност ја претвори масата во екран на допир

Безжичен компјутер, проектор и камера, сместени во еликтрична светилка можеби се интерфејс на иднината. Идејата е на докторантот на MIT, Нејтан Линдер, а овозможена е пред се од напредокот и минијатуризацијата.

Секоја подлога маса, ѕид или било кое место на кое можете да ја насочите светилката може да биде еден вид екран да допир, е идејата на авторот, г.Линдер. Новиот интерфејс или светилка е наречена LuminAR. Процесор кој во моментов се користи во светилката е Snapdragon, а засега се експериментира со модифицирани Linux и Android оперативни системи.

LuminAR ги претвора површините во интерактивни слики, а истовремено уредот може да одреди кога прстот на корисникот покажува кон елементи на „сликата“. Со помош на софтвер уредот ги препознава површните па одлучува кои од нив треба да ги „заобиколи“, а на кој од нив да ја презентира сликата. Покрај ова светилката ја збогатува реалноста, бидејќи овие површини сега имаат и функционалност. Дел од карактеристиките на прототипот се со помош на поврзување на облак. Во иднина можеби финалниот продукт ќе комуницира со лаптоп, таблет, па дури и паметен телефон.

Иако несомнено LuminAR ќе пронајде примена во услужната дејност или маркетингот, за креаторот на уредот највозбудлива е неговата примена во инженерството и дизајнот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии