„Сведокот“ e првиот интерактивен филм со проширена реалност

Во оваа интерактивна авантура можат да учествуваат оние кои ќе се пријават преку страницата на 13th Street Universal. Видеото вели дека досега се пријавиле луѓе од цела Германија. Следното пријавување ќе почне од 9-ти април и ако сте дел од забавата, вашето патување почнува со тоа што ќе бидете сведоци на киднапирање од страна на руската мафија. Ваша задача ќе биде да ја најдете жртвата собирајќи докази и комуницирајќи со другите учесници. Филмот ве води на разни локации низ Берлин. Единственото кое ви треба за оваа авантура е iPhone, на кој има специјален софтвер за оваа намена.

Студиото вели дека ова е со цел да ја вклучат публиката како никогаш до сега во трилер филмовите. Погледнете го видеото за импресивна презентација. Изгледа навистина забавно и возбудливо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии