Суспензии за сите, Facebook започна со забрани

Facebook започна да расчистува со компаниите кои имаат допирни точки или имаат слични пракси како Cambridge Analytica.

CubeYou е една од компаниите кои се суспендирани од Facebook. Компанијата преку квизови доаѓала до податоци за корисниците. Понатаму овие податоци бил користени слично како и Cambridge Analytica. Односно компанијата овие податоци ги користи за маркетинг.

Дополнително суспензија доби и канадската компанија AggregateIQ. Компанијата е еден од учесниците во кампањата со која Британија ја напушти Европската Унија. Vote Leave кампањата и исплатила на компанијата 3.8 милиони долари, јави BBC. Кампањата исплатила уште 625 000 британски фунти на друга компанија, но сомневањата се дека и овие пари завршиле на сметката на AggregateIQ.

AggregateIQ објави дека не е, и дека никогаш не била дел од Cambridge Analytica или од SCL. Компанијата дополнително ги демантира обвинувањата на свиркачот Кис Вајли кој тврди дека AggregateIQ ги споделиле своите податоци со Cambridge Analytica.

Канадската компанија има речиси иста намена и функции како и британската. Технологијата овозможува микротаргетирање на луѓе. Компанијата е обвинета и за влијание на Брегзит, но и за влијание на претседателските избори во Нигерија. Интересно и Cambridge Analytica се споменува во врска со овие настани.

Иако компаниите ги демантираат наводите за можна поврзаност, суспензиите од друптвената мрежа можеби покажуваат потврда на овие приказни.

Најголемата друштвена мрежа објави дека бројката на засегнати корисници од скандалот со Cambridge Analytica е 87 милиони. Оваа бројка е значително поголема од првичната од 50 милиони корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии