Суспендиран скопски професор по информатика поради Facebook постови

Првин немало поплаки за професорот, можеби постарите постови му се за информатиката, пример за Java, за праќање пораки преку gwibber за Linux Ubuntu, за ласерско глувче labtec итн… Религиозните пораки се појавуваат од февруари, интересно, откако професорот кликнал Like на фан страна за група за христијански приповеди чии први постови се во јануари.

„Добро е што навреме реагиравме. И мене ми се довери дека сакал да подготви терен за тоа што ќе се случи во 2012 година [крај на светот].“, вели директорката на гимназијата чија „психолошка“ експертиза дека „мислам дека тоа што беше толку посветен на науката влијаело сега вака да се однесува.“ e исто толку луда како и постовите на професорот.

Тоа што е интересно е што професорот е комплетно отворен на неговиот Facebook профил, односно профилот не му е со приватни опции и заштитен, па секој може да ги читне неговите екстремни религиозни пораки.

Професорот често на своите постови има коментари и Like-ови од своите ученици, некои дури и му дадоа поддршка, други пак го критикуваа за екстремните верувања.

Сепак, се работи за малолетни ученици и недолично однесување на мрежа каде професорите се пријатели со учениците. Министерството за образование вели дека професорот е суспендиран и ќе биде поднесена кривична пријава против него.

9 коментари на “Суспендиран скопски професор по информатика поради Facebook постови

  1. Abe facebook e gnasna diktatura i ima da padne,
    se zezal nekoj pa ke go brkame od rabota..??????ccccc
    kade e slobodata ovde bre??????http(s)://FACEBOOK.com kade go ima s – security go nema
    OBEDINETE SE HAKERI I URNETE GO FACEBOOK????
    smee li nekoj vrz osnova na shega ili kriva slika da bide ismeen na facebook

  2. Па според мене од коа престанавме да користиме dial-up е битно што правиш на интерент потпишан со своето име и презиме. Неможе да пишувам на фејсбук дека сакам да онадам средношколци и да останам ко професор плус според постовиве типот ми изгледа ко да е скренат скроз.

  3. Оф мори мајко почнаа и во Македонија со ова, само што сега и од работа ќе те избркаат поради фејсбук. Од едни луѓе летово слушнав дека не биле примени нивни другари на работа во Германија поради тоа што имале слики на фејсбук кога биле пијани, а менаџерот што ги вработувал ги проверувал пооделно и таму. Од кога фејсбук стана меродавен за вработување? Јас на фејсбук што сакам можам да пишам, и тоа можеби ќе има врска со тоа што го работам а можеби и не. Како и да е, на работа се однесувам како што доликува на вработен.

    1. "Од кога фејсбук стана меродавен за вработување?"

      „од кога“ не е важно веќе, туку – кој се го проверува Facebook? :P

      Иако, искрено, лично мислење за проферорот е дека да го постирал ова пред да го вработат, немало да биде професор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии