Surface ќе се појави на 26 октомври заедно со Windows 8

Microsoft потврди дека Surface ќе пристигне истовремено со Windows 8 на 26 октомври, јавува CNET врз основа на SEC документи кои ги поднела компанијата. Ова важи само за ARM таблет компјутерите кои ќе бидат со Windows RT оперативен систем.

Во документите стои: „Следната верзија на оперативниот систем Windows 8, ќе биде достапна на 26 октомври 2012. Во исто време ќе го продаваме и Windows Surface, серија на уреди дизајнирани и произведени од Microsoft“.

За таблет компјутерите со х86 Ivy Bridge процесори и Windows 8 Pro оперативен систем, корисниците ќе треба да издржат дополнителни 3 месеци.

Цената на Microsoft Surface сè уште е тајна, иако според наговестувањата цената ќе биде конкурентна со останатите таблет компјутери со сличен квалитет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии