Surface Go е најмалиот и најевтин Surface лаптоп досега

Дејан Соколоски

во Хардвер

Microsoft претстави нов Surface модел. Според очекувањата, станува збор за уред кој треба да ги намами купувачите да го купат својот прв Surface лаптоп.

Она што е веднаш забележливо е дека новиот лаптоп доаѓа со значително помали димензии. Екранот е 10 инчен, па новиот Surface е со иста големина како и iPad Pro. Двата уреди се конкуренти на пазарот, но Microsoft вели дека за разлика од iPad Pro, нивниот уред е пофлексибилен. Surface Go е полесен од половина килограм, а дебелината му е 8,3 милиметри.

Екранот е чувствителен на допир што е и за очекување кај хибриден уред кој се користи како таблет и ноутбук. Резолуцијата е 1800 x 1200 и барем според резолуцијата изгледа дека е главно наменет за хоризонтално користење. Содржината на екранот може да се подели на два дела, иако овие половини можеби се и премали.

Процесорот е 7 генерација „dual-core“ Intel Pentium Gold 4415Y и со едно полнење на батеријата би требало да овозможи до 9 часа работа. Едно од ограничувањата кое мора да се има предвид е дека уредот доаѓа сo Windows 10 S-функционалност на уредот. Ова значи дека корисникот може да користи само Edge и Microsoft Store апликации. Префрлањето на обичната верзија на оперативниот систем е бесплатна, но какви перформанси ќе нуди со куп апликации ќе треба да почекаме и да видиме.

Лоша вест е дека сите додатоци се продаваат посебно. Таблетот има две верзии основната е со 4GB RAM и 64 GB еMMC и чини 400 долари; поскапата верзија е 550 долари и доаѓа со 8GB RAM и 128 GB SSD. Но, додатоците за двата се продаваат посебно, така покривката/тастатура е 99 или 130 долари, глувчето е 35 долари, а електронското пенкало 100 долари.

Уредот е достапен во претпродажба, а испораката започнува на 2 август.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии