Surface Duo новиот телефон на Microsoft достапен во претпродажба

Дејан Соколоски

во Мобилни

Microsoft е подготвен за лансирањето на новиот Surface Duo телефон. Станува збор за телефон кој очекуваме да биде конкуренција на уредите со флексибилен екран. Со ова, по повлекувањето на Windows Phone, Microsoft се враќа на пазарот на паметни телефони. Компанијата го најави Surface Duo пред една година на настан на кој претставија куп хардвер.

Новиот телефон на Microsoft е навистина скап. Цената за основниот модел е 1400 долари, а со дополнителни подобрувања се качува на 1500 долари. Со оглед на тоа дека овие комбинации на таблет и телефон се скапи и кај конкурентите веројатно високата цена е очекувана.

Хардвер на Surface Duo телефонот

Surface Duo е се превиткува по средината, налик на книга или тетратка. Составен е од два 5,6-инчни екрани со резолуција 1350х1800. Кога се споени двата екрани со 8,1 инчен дисплеј Surface Duo е повеќе таблет отколку телефон. Microsoft во овој телефон искористи одличен хардвер. Surface Duo доаѓа со Qualcomm’s Snapdragon 855 процесор, 6GB RAM и 128GB флеш диск. Моделот со 256GB простор чини $1,500 долари. Уредот доаѓа со 1 камера која се користи и како главна и како камера за разговор. Батеријата со капацитет од 3577mAh може да издржи 15,5 часа гледање на видео или 27 часа разговор помеѓу полнењата.

Android апликациите ќе можат да функционираат на еден екран како обична апликација. Компанијата сепак своите апликации ги прилагоди да ги користат двата екрани, а истото го направија и останатите поголеми компании кои имаат Android апликација. На пример Amazon ја прилагоди Kindle апликација да наликува на вистинска книга.

Телефонот има 3 или барем 2,5 мода на работа. Кога двата екрани се отворени работи како 8-инчен таблет. Кога се преклопени телефонот работи како обичен паметен телефон. Конечно Surface Duo може да се користи како мини лаптоп, со тоа што едниот екран е тастатура, а другиот си е стандарден екран.

Microsoft почетокот на продажбата на новиот Surface Duo телефон ја најави за 10 септември. Претпродажбата е веќе започната.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии