Surface Dial е нов контролер од Microsoft

Surface Dial е нов контролер од Microsoft наменет пред сѐ за интеракција со екраните на допир.  Контролерот, но и најголем дел од хардверот на презентацијата на Microsoft во Њујорк, се наменети да ги привлечат дизајнерите.

Контролерот е всушност бежично копче кое може да се користи за куп команди со различна функционалност. Можностите се речиси неограничени: од промена на светлоста на екранот, до најразлични команди и виртуелни копчиња во апликациите.

Контролерот може да се користи за навигација по документите, со завртување набрзина може да се поминуваат страниците. Во софтвер за цртање може да се користи за менување на палетите и избор на боја или за чекор напред / чекор назад (Redo/Undo) за побрза работа. Ова се само дел од можностите и фукционалностите, а се чини дека само фантазијата е ограничување кога можностите на Dial се во прашање.

Обидите за презентирање на нови контролери не се реткост, но често завршуваат без успех. Сепак најчесто новите контролери не доаѓаат од гиганти како Microsoft. На презентацијата контролерот беше користен со Surface Studio, па останува нејасно дали би можел да се користи и со останатите екрани на допир. Цената на Surface Dial е 100 долари.

Сепак најважната одлука за иднината на контролерот зависи од прифаќањето на корисниците. Dial не е прв контролер кој бил одлична идеја, а се чини дека вистинскиот проблем може да биде единствено бројот на апликации кои ќе ги користат неговите можности и начинот на интеграција. Цената од 100 долари е прилично висока, но со оглед на зголемувањето на продуктивноста нема да биде пресудна.

За да дознаете за сите новости кои Microsoft ги презентираше на вчерашниот настан, кликнете тука.

1 коментар на “Surface Dial е нов контролер од Microsoft

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии