Supremo ќе ви каже за тајните кои ги споделувате со светот

Приватноста е луксуз. Во денешно време, нема поголема вистина од ова. Дури и да користите „само“ Facebook, би можеле да се изненадите од приливот информации кои светот може да ги дознае за вас. Ваквата папка од ваши лични податоци првенствено  се користи за кроење реклами според вашиот вкус и нивно сервирање секојпат кога ќе го вклучите прелистувачот; да не ни зборуваме за параноични ситуации каде што се гради психолошки профил врз основа на вашите активности и рутини.

Supremo е нов сајт кој ви го насочува вниманието кон личните отпечатоци кои ги оставате за светот. Едноставно логирајте се преку вашиот акаунт и дајте дозвола да се овозможи пристап до вашите лични податоци. По ова, Supremo ќе ги собере и прикаже сите податоци до кои останатите сајтови лесно можат да им пристапат, податоци како каде сте патувале, студирале и работеле, какви фотографии сте поставувале и во каква врска сте со останатите пријатели.

Преку Supremo можете да добиете совети за тоа на кои опции во Facebook треба да посветите посебно внимание, како и да прочитате за тоа што треба, а што не треба да споделувате.

За крај, Supremo ветува дека штом го затворите прозорецот, сајтот ќе ги отстрани сите информации кои ги има соберено за вас, нешто што никој друг не ветува.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии