Супер успех, 537.000 долари од Kickstarter кампањата за Robin Hood and the Merry Men

Нова игра, нов успех и нов рекорд од македонската компанија Final Frontier Games. Kickstarter кампањата за Robin Hood and the Merry Men ја затворија со 537.093 долари од 6762 поддржувачи.  Со оваа сума го надминаа минималниот праг за 2685%.

Досега собрани 1 милион долари од Kickstarter

Ова можеби и не е најголемиот исчeкор кој тимот го направи во оваа кампања. Некаде околу 521.000 илјадитиот долар, Final Frontier Games одбележаа убав јубилеј: „1 милион долари од Kickstarter“ кампањи“.

Она што можеби е и најкарактеристично за оваа игра, е што за прв пат играта не излегува во целост од македонскиот дел од тимот. Мартин Пул е дизајнер на играта, а освен ко-креатор, тимот на Final Frontier е и во улога и на издавач. Илустратор на играта повторно е Тхе Мичо.

Ова е и прва кооперативна игра од Final Frontier, во која ако не сакате не мора да се натпреварувате со соиграчите.  Целта на играта е да се победи принцот Џон, играчите се во улога на бунтовниците од Шервуд кои се обидуваат да го вратат Кралот Ричард. Иако играчите можат да се натпреваруваат помеѓу себе, сепак клучно е да се запре принцот Џон. Бидејќи ако ова не успее, тогаш сите играчи губат. Најверојатно и без ова објаснување и самиот наслов доволно ви навестуваше каде е сместена играта. Дејството се одвива во Нотингем, а играчите се во улога на водачите на „Merry Man“. Во „главните улоги“ се Робин Худ, Литл Џон, Вил Скарлет и Џен Форчн. Со достигнување на целите во кампањата се отклучени и куп кул дополнителни херои.

За сите кои не стигнаа да инвестираат во кампањата, играта ќе биде достапна за 70 долари во продажба, а делукс верзијата ќе се продава за 85 долари. Во кампањата чинеа 54 и 64 долари.

1 коментар на “Супер успех, 537.000 долари од Kickstarter кампањата за Robin Hood and the Merry Men

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии