Super Mario ги најави Олимписките игри во Токио!

Image courtesy of YouTube

Затворањата на Олимписките игри вообичаено се здодевни паради. Церемонијата во Рио беше без изненадувања, сѐ до моментот на предавањето на игрите на следниот домаќин. Од зелена цевка на средина на стадионот, излезе Супер Марио за да ги најави игрите во Токио. Во улогата на популарниот карактер од игрите на Nintendo беше премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.

Super Mario е најпопуларниот карактер на видеоигрите на Nintendo и најверојатно една од игрите кои ја одржуваат конзолата во живот. Симпатичните италиjански водоводџии се еден од модерните симболи на Јапонија, како Pokemon, Hello Kitty или роботите. На дел од цермонијата беше и градоначалничката на Токио, Јурико Куике, која со своето кимоно, се погрижи да не биде заборавена и традицијата.

Се разбира ова не е ниакава најава за некакво додавање на видеоигрите на Олимпијадата, туку потсетување на супкултурата на Јапонија. Без сомневање Super Mario ќе биде само дел од Токио 2020, а најинтересно ќе биде, да видиме колкаво ќе биде учеството на роботите во церемониите на Олимписки игри во Токио, наместо волонтерите и персоналот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии