Sunny Cove – Нова архитектура на процесорите на Intel од 2019 година

Дејан Соколоски

во Вести

Sunny Cove е нова архитектура на процесори од Intel која ќе биде достапна од следната година. Следната генерација Core и Xeon процесори ќе доаѓа со нови инструкции кои ќе забрзаат дел од почестите товари.

Она што можеби е поважно е дека конечно го дочекавме првиот 10nm процесор за десктоп. Intel ова го ветува неколку генерации по ред, но по сѐ изгледа во 2019 година ова конечно ќе биде реалност.

Според првите податоци, еден од првите товари кои ќе бидат забрзани е компресијата. Intel ветува дури 75% подобри перформанси на Sunny Cove во однос на претходната генерација.

Дополнителна надградба е направена и со поддршката за виртуелна меморија, поточно просторот за адреси е зголемен од 48 на 57 бита. Sunny Cove може користи 57 бита за виртуелни адреси, со ова максималната физичка меморија се зголемува на 4PB, а виртуелната на 128PB.

Надградба ќе биде направена и на интегрираните картички кои се првите графички картички од Intel кои стигнале до 1 терафлоп перформанси.

Архитектурата доаѓа на Core и Xeon процесорите. Следната генерација Willow Cove ќе излезе 2 години подоцна, односно во 2021 година.

Повеќе информации очекуваме на почетокот на јануари на саемот за електроника во Лас Вегас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии