Summer Games Done Quick собра над 1.7 милиони долари за добротворни цели

Овогодишниот настан Summer Games Done Quick собра неверојатни $1,760,400 за организацијата „Доктори без граници“, што е значително повеќе од минатогодишниот настан, кој собра 1.3 милиони долари.

Summer Games Done Quick е настан во времетраење од една недела каде талентирани играчи ги играат најпознатите игри на најбрз можен начин и со одредени дополнителни предизвици. Па така, играчот Halfcoordinated ја заврши Nier: Automata за еден час и 43 минути и тоа користејќи ја само едната рака. Вакви предизвици низ 130 игри допринесоа до посети од илјадници следбеници и над 30 000 донори кои на вистински начин го издигнаа настанот.

Во случај да немавте можност да допринесете за време на Summer Games Done Quick, системот за донации и понатаму стои на располагање на сите дарежливи души.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии