Судот пресуди за Apple, блокирана е испораката на Samsung Galaxy Tab 10.1 ширум Европа

Германскиот суд за патенти пресуди во корист на Apple и одобри прелиминарна наредба до европските царинарници да ги блокираат испораките на Samsung Galaxy Tab 10.1 во сите европски земји, освен во Холандија. Ова е уште една ваква блокада на Galaxy Tab, откако минатата недела беше блокирана испораката и во Австралија.

Apple најави дека ќе се обиде да ја вклучи и Холандија во забраната, додека Samsung најави дека ќе се обиде да ја тргне наредбата што е можно побрзо.

Apple го тужеше Samsung за прекршување на 10 патенти врзани паметните телефони и таблет компјутери, патени кои се за преносливост на податоци и безжична технологија, како и за копирање на дизајнот и функционалноста на iPhone и iPad.

Oва судска одлука може сериозно да му наштети на Samsung, но и на Google-овиот мобилен оперативен систем Android. Galaxy Tab 10.1 е еден од покомплетните Android таблет компјутери и е сериозен конкурент на Apple-овиот iPad. Samsung Galaxy Tab 10.1 само пред недела дена беше пуштен во продажба во Британија и други европски земји, и веднаш стана најбрзо продаваниот таблет компјутер по iPad. Сега истиот ќе мора да биде тргнат од продавниците.

(via Foss Patents)

4 коментари на “Судот пресуди за Apple, блокирана е испораката на Samsung Galaxy Tab 10.1 ширум Европа

  1. За кои прекршени патенти станува збор?
    Понекогаш само краток опис не е доволен.

    …кликнав да се најавам преку Twitter за да коментирам но гледам дека ме најавува преку Facebook.

  2. Apple ova go pravi od strav. TouchPad si e TouchPad i neznam sto e tuka kopiranje.
    Sega slucajno da ne pocnat da gi tuzat i ostanatite kompanii sto proizveduvaat touch screen mobilni,
    ili pak da gi tuzat kompaniite sto proizveduvaat laptopi tvrdejki deka laptopot tie go izmislile…

    Apple is going down, ocigledno e pa mora da upotrebuvaat vakvi niski udari,
    za zal toa i im uspeva….

    1. Кој пропаѓа бе, не трескај глупости без врска. Доколку пратиш малце повеќе би знаел дека Apple е една од највредните и најсилните компании во светот. А тужбите не се однесуваат на идејата за тач скрин туку на изведбата, односно на патентираната технологија на Apple која ја крадат Samsung, како и копирањето на изгледот….

      Но едноставно мора да се трола за се и сешто

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии