Судот одлучи: Bethseda ги има сите права на Fallout

Минатата недела заврши спорот помеѓу Bethesda и Interplay. Судот пресуди во корист на тужителот и ѝ ги додели сите права на Fallout на Bethesda. Поточно Interplay и Bethesda се договорија за дополнителни 2 милиони долари кои ќе им бидат исплатени на тужените.

Спорот започна по продажбата на брендот Fallout, и објавата на Interplay дека постои можност да направат ММО верзија на Fallout. Со спогодбата Bethesda ќе ги добие сите права на името, а Interplay ќе можат да ги продаваат Fallout 1, Fallout 2 и Fallout: Tactics до декември 2013 година, потоа сите права и на овиие игри ќе ги предземе Bethesda.

[youtube]8RIfDYdzNIk[/youtube]

Најголемиот проблем кој го имаа фановите на оргиналната верзиија на играта со новите изданија е што двете игри не се ист жанр на игра. Освен името, заедничка им е постапокалиптичната атмосфера и изборот за “turn by turn” борбата која можете да ја изберете. Не е проблемот што Fallout 3 е лоша игра, напротив играта беше најдобра во годината кога излезе, туку проблемот кој го имаа фановите на првиот дел е што се напушти концептот на оргиналот и од легендарната изометриска RPG авантура направија скоро класичен шутер. Ова и не е толку трагично бидејќи новите генерации се запознаа со серијалот, а ние добивме уште една одлична игра.

Лавина на римејкови

Најголемиот проблем е што ова некако ја започна лавина на римејкови на стари игри кои ќе бидат реиздадени. Во 2012 се најавени преработки на две стари стратегии Syndicate и X-Com, за жал новите верзии на овие игри ќе бидат шутери кои најверојатно ќе останат заборавени набрзо по излегувањето.

Добра вест е што понекогаш упорноста на фановите се исплати, па 2К Games им додели лиценца за изработка на X-Com и на Firaxis компанија која ги издаде последните делови на Civilization. Стив Мартин главниот човек во Firaxis изјави дека ова бил еден од соништата на компанијата и дека како огромни фанови на оргиналот ќе се обидат да ги задржат карастиките кои ја направија X-Com една од најсаканите игри.

[youtube]MHGvNW4fhhI[/youtube]

[youtube]U3k_mLLjbuc[/youtube]

[youtube]bdHgE_1kH2o[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии