Судот ја прифати жалбата на Apple, компанијата не треба да исплати 13 милијарди евра данок

Во 2016 Европската комисија го казни Apple со казна од 13 милијарди евра поради злоупотреба на даночните олеснувања кои компанијата ги добила од Ирска.

Денес вториот по висина Европски суд одлучи дека нема ништо незаконско и даночните олеснувања не биле илегални. Благодарение на овие олеснувања во 2014 Apple платил рекордно ниски 0,005%, пишува Reuters. Во 2011 Apple забележал профиут од 22 милијард долари во Европа, но поради договорите со Ирска, само 50 милиони евра биле подложни на даночење.

Одлуката на Европската комисија е одбиена бидејќи не успеале да докажат дека Ирска креирала закони кои на Apple му овозможиле ексклузивни даночни погодности во Ирска.

Следен чекор за случајот би можело да биде жалба пред Европскиот суд на правдата, но засега нема официјална потврда за ова. Комисијата под раководство на Маргрит Вестагер вели дека ќе ја разгледаат одлуката и ќе донесат одлука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии