Уште во првите месеци откако стана претседател на САД, Барак Обама наредил зголемени и софистицирани сајбер напади врз компјутерските системи кои ги одржуваат иранските нуклеарни централи, пишува New York Times. Сајбер нападите започнале уште во 2006 година, во ерата на претходниот претседател Џорџ Буш.

Сајбер нападите чие кодирано име е „Олимписки игри“ поради програмска грешка станаа јавно познати во 2010 година. Кодот кој беше откриен во јавноста беше именуван како Stuxnet, а безбедносните експерти беа вчудоневидени од неговата софистицираноста и иако велеа дека е сигурно изработен од некоја влада, не беа сигурни кој стои зад него.

По излегување на кодот на интернет, наместо да ги прекинат активностите, претседателот Обама и неговата администрација решиле да ги зголемат сајбер нападите врз околу 1.000 до 5.000 ирански центрифуги кои прочистувале ураниум. САД се чини си земале слобода со сајбер напади да ја дестабилазира иранската нуклеарна програма во период кога тие заедно со Европа и Израел се обидуваа да ги убедат иранските власти да се откажат од неа.

САД никогаш не призна дека користи сајбер напади, пишува New York Times, иако признаа дека започнале да развиваат софтверски оружја.

Голема веројатност е дека сајбер нападите продолжуваат. Kaspersky Lab неодамна откри нов софистициран шпионски софтвер Flame кој ги напаѓа системите во Блискиот Исток. Според американските власти, кодот Flame е околу пет години стар и не е дел од „Олимписките игри“ кои започнале подоцна.

2 коментари на “Stuxnet: Обама наредил сајбер напади врз Иран

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии