Студиото зад Hitman стана независно и ги чести гејмерите со бесплатни мисии

Ова не е лесна година за ветеранското студио IO Interactive. Луѓето кои нѝ го донесоа серијалот со омилениот атентатор првин беа соочени со отпуштања, а потоа и изложени на еден вид модерна аукција каде издавачите Square Enix се изјаснија дека не ги сакаат повеќе и дека црно им се пишува и на преостанатите членови доколку некој друг издавач не ги купи. По недели држење здив и нешто што би можело да се протолкува само како неизвесност во највисока форма, IO Interactive изјавија дека успеале да си се купат од Square Enix и дека продолжуваат да чекорат на само издавачки, независен пат. За тоа како ќе успеат понатаму и со какви финансирања ќе ги поплочат идните авантури на ќелавиот убиец останува времето да покаже, но сега, во овој момент, IO Interactive слави монументално избегнување на обезглавувачки удар.

Како прва точка на дневниот ред, новонастанатото инди студио дозволува целосна прошетка низ почетокот на нивната најнова Hitman игра. Бесплатната верзија се одликува со сè што е објавено за локацијата ICA Facility. Желните за прикрадување и тивки, креативно потковани елиминирања имаат на располагање две мисии од приказната заедно со сите меѓусеквенци, два Escalation договори, над 40 предизвици, 17 достигнувања и илјадници мисии креирани од играчите преку режимот за договори.

Напредокот во бесплатната верзија автоматски се префрлува во моментот кога ќе ја купите целата игра
„Има многу љубов за Hitman и со оваа наша понуда се надеваме дека уште повеќе ќе се вљубат во играта“, велат од IO Interactive и ја уцврстуваат нивната верба дека: „Ова е Hitman во најдобрата можна форма. Скокнете и проверете и самите!“

Целата сезона се продава со 66% попуст!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk