Студиото зад BioShock, Irratiоnal Games, престана да работи

Студиото Irrational Games, познато по BioShock серијалот, ненадајно одлучи да престане со работа. Изненадувањето е уште поголемо бидејќи огромен број од фановите на играта ja прогласија токму BioShock Infinite за најдобар дел од серијалот. Петнаесет члена и лидерот Кен Левин одлучија да го затворат студијото и да направат помал тим со кој ќе работат на различен тип на игри. Компанијата Take Two во чија сопственост беше Irrational Games соопштија дека Bioshock серијалот продолжува, иако засега останува нејасно како ќе изгледа следното продолжение без креаторите на играта.

„Седумнаесет години е долго време за една работа, дури и за најдобрата. Работата со неверојатниот тим во Irrational Games е навистина најдобрата која сум ја имал. Горд сум на тоа што го направивме заедно сепак сакам да направам различна игра од она пто го правевме досега. За предивикот кој предстои потребно е да ја рефокусирам енергијата на помал тим, со поинаква структура, кој ќе биде во постојан контакт со гејмерите. На некој начин, ќе биде исто како на почетоците, мал тим кој креира игри за основната гејминг публика“, соопшти г. Левин на >блогот на компанијата.

[youtube]31-NAkq8YEY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии