Студиото што ќе ти ја направи средината поинспиративна

(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


„Get inspired everyday” e слоганот на Frame This. Ова е проект на мало дизајн студио во Скопје кое што со нивните постери сакаат да ja инспирираат домашната или работната средина.

Здружен со девојка му и брат му, креативецот Јане Димески го започна овој проект. “Барав начин како можам да избегнам креирање дигитален продукт и да креирам физички производ. Иако е дизајн, да биде нешто што би можел да го купиш и добиеш дома”, вели Јане. Желбата за дизајнирање физички производ го натера тимот да почне да дизајнира инспиративни постери. Постери, кои се наменети за стартапи, млади луѓе и интериор дизајнери.

Јане Димески,  ко-основач на Frame This

Јане Димески,  ко-основач на Frame This

Во почетокот на Frame This, студиото размислуваше за принтање и пакување на постерите во Македонија. Знаејќи дека Македонија е мал пазар, овој пристап покажа дека нема да биде исплатливо печатењето на квалитетни постери и ќе има големи трошоци за испорака надвор од Македонија. Затоа студиото оствари соработка со Big Cartel – платформа за поставување на онлајн продавници за креативни бизниси и артисти; и Printful, компанија за принтање на сопствен дизајн и нивна испорака.

Првите кои ја подржаа иницијативата беа самите Big Cartel каде што првите посетители дојдоа од објавите на самата платформа. Засега најголемиот број на клиенти се во САД и Канада, со најголеми порачки од регионот поврзан со стартапи, Калифорнија.

“Како студио не сакаме да креираме постери со цитати кои што ги гледаш на секој чекор, туку да споделиме несекојдневни цитати”, вели Јане.

Постерите се со минималистички дизајн од автори кои не се „мејнстрим“. Самите избрани цитати и автори ги промовираат вредностите на независно дизајн студио со алтернативни и инспиративни производи. Еден од најпопуларни постери е со цитат „Buy the ticket- Take the ride”. Самиот автор на овој цитат, познатиот автор Хантер С. Томсон има влијаено на луѓето кои се дел од Frame This.

1-jK8rN_8AA-4yn5pFjkpOxg

Еден од новитетите на студиото е постер со цитат на Гери Вајнерчак, кој што наскоро ќе биде пуштен во продажба. Знаејќи ја големата цена за испорака во Македонија, студиото посоветува да се контактира доколку некој е заинтересиран за нивните постери.

Што се однесува до Јане, ко-основачот на Frame This, тој го посетува Funky Coworking Friday затоа што тука е опкружен со креатори. Funky Coworking Friday му овозможува простор каде што ја раздвижува креативноста еден ден во неделата. Oвој настан му дозволува да сработи, но и да запознае извонредни луѓе кои што нема да ги сретне на друго место.

12308058_539556506219918_6856437942010009367_o

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии