Студенти од САД со мултифункционална идентификација во Apple часовник

Еден универзитет од Алабама им дозволи на студентите да бидат идентификувани и да плаќаат за најразлични добра со нивниот Apple часовник.

Универзитетот не е единствениот орган кој е задоволен од ваквата изведба. Па така, и претставник од Apple побрза да даде изјава и да објасни дека сè што студентот треба да направи е да го крене зглобот во близина на соодветните читачи за да добие пристап до библиотеката, студентскиот дом, најразлични настани, па дури и да плаќаат за ужини, користење услуги во перални и кафулиња во близина на универзитетот.

Софтверот беше презентиран неодамна и ќе биде бесплатен за користење. Во суштина, им дозволува на студентите да ги додадат нивните идентификации заедно со паричниците.

„На овој проект работевме во тајност веќе подолго време“ изјави претседателот Стјуард Бел и додаде дека: „Се работи за напредна технологија која ќе им дозволи на нашите студенти да имаат пристап до најразлични безбедносни услуги и работи за кои сакаат да платат.“

Ваквата олеснителна интеракција се очекува да стапи на сила од есен и тоа во три универзитети.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии