Студенти го хакнаa Kinect да им помогне на слепите да се движат

Група студенти од Универзитетот на Пенсилванија го претворија Kinect во каиш кој може да им овозможи на слепите да се движат низ собата и низ отворен простор така што инфра-црвената камера ги препознава објектите.

Проектот Kinecthesia е феноменална идеја која иако прототип навистина може да им помогне на слепите да се движат послободно без да зависат од бастумите или кучињата-водачи. Во моментот проблем е што носењето на Kinect на каиш е малку непрактично. Но, студентите ги разгледуваат можностите…

„Градење на наше портабилно куќиште за сензорите на Kinect ќе ни овозможи да имаме одлична контрола на дизајнот на уредот додека драматично ќе ја намалиме тежината и големината. Една опција што ја разгледуваме е да го закачиме процесорот и батеријата на метална рамка на ‘гол’ Kinect така што нема додатни компоненти околу каишот.“, објаснуваат студентите на својот сајт.

Kinect e гејминг платформа од Microsoft која беше првично наменета да биде додаток за xBox, но која подоцна беше хакната од хакерите и истражувачите кои открија дека е доволно моќна за да се користи надвор од гејмингот, во медицината и други области. За да продолжи истражувањето Microsoft објави и софтверски алатки за користење на платформата за најразлични намери.

[youtube]wTselBnHPhA[/youtube]

[youtube]eaa6YxhsePU[/youtube]

2 коментари на “Студенти го хакнаa Kinect да им помогне на слепите да се движат

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии