Стрипот Нета стигна до јубилејни 100 изданија

Нета се појави на сцената во 2015 година, со намера да ја прикаже ИТ заедницата од страна на еден софтерски инженер. Со својот хумор, стрипот се обидува да ја рефлектира нејзината секојдневната работа така што резонира со луѓето кои работат во областа. Целта на стрипот е да ги охрабри студентите да изберат инженерски студии и особено, да ги охрабрат девојките да влезат во оваа традиционално машка професија.

По 4 години Нета дојде до јубилејни 100 изданија. Овој месец за одбележување на јубилејното издание, како што му доликува на секој супер софтвер херој, и Нета доби своја печатена верзија.

На Нета работат дваесетина вработени од Netcetera во Македонија кои имаат различни профили: софтверски инженери, дизајнери и системски администратори. Главна уредничка на стрипот е Елена Апостолоска од Netcetera, а артистот зад цртежите е Здравко Гиров. Идеите за дијалозите најчесто доаѓаат од оној што го смислил и сценариото, но скоро секогаш има удел и остатокот од тимот кој го дава својот фидбек.

„Инспирација црпиме од секојдневни случки на работа, тековни трендови, серии, филмови… Понекогаш смислуваме сценарија на зададени теми и актуелни настани за IT заедницата, на пример CodeFu или JavaSkop. Многу од идеите произлегле од конверзација помеѓу колеги и завршило со ‘ова може да биде наредната Нета’. Од време на време свикуваме brainstorming сесија на која што доаѓаат 20тина колеги и смислуваме по неколку сценарија,“ велат авторите на Нета.

Елена Апостолоска, уредничка на стрипот

Во овие 4 години Нета беше активен член на македонската ИТ заединца и се појави на куп настани, како Nasa Space App challenge, Global Game Jam, CodeFu и IEEEXtreme.

Печатена верзија на стрипот со сите изданија наскоро ќе биде достапна и во стрип-продавниците и библиотеките на универзитите за компјутерски науки во земјава.

Еве некои од нашите омилени изданијата на Нета досега:

Остатокот од стриповите може да го погледнете овде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии