Стримувајте игри на каква било паметна направа со Rainway

Претходната недела пишувавме за нашите импресии за NVIDIA GeForce NOW – платформа која ви дозволува да стримувате ААА игри, на максимална графика и на децениски стар компјутер, или таблет.

Rainway е малку поразлично животно.

Ова е апликација која ви дозволува да ги играте вашите омилени игри на вашата мобилна направа. Но, игрите се покренуваат на вашиот компјутер, и се трошат ресурсите на вашата направа. Имено, преку Rainway на Windows 10 компјутер, игрите се покренуваат, а потоа се стримуваат на телефонот, односно таблетот. Или, со други зборови, преку peer-to-peer мрежа, апликацијата го „снима“ тоа што се случува во компјутерот и, во реално време, го пренесува на екранот од вашиот, да кажеме, таблет.

За да ги користите предностите на Rainway, не мора одново да купувате игри, туку го играте она што претходно сте го купиле за клиентите Steam, Xbox Game Pass, или Epic Store. Користењето на Rainway за Steam се чини непотребно, затоа што Steam веќе има повеќе од одлична апликација за гејминг од вашиот кауч, но, за игри како тие во Xbox Game Pass, ова се чини како одлично решение.

Rainway е бесплатен за користење. Игрите можете да ги играте со џојстик или пак преку екранот на вашата паметна направа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии