Стриминг платформата Tidal е бесплатна во наредните три месеци за нови корисници

Доколку сте како нас, најверојатно користите YouTube Music или Spotify, а на Tidal не сте помислиле два пати. Сега се чини како вистинскиот момент одново да му ги насочите мислите.

Имено, овој музички сервис реши да оди по чекорите на Spotify и нуди цели три месеци бесплатен стриминг на над 70 милиони песни. Интересно е тоа што понудата важи и за преслушување песни во стандарден квалитет (320 KBPS), но и во подобар (1411 KBPS), односно најдобар квалитет (2304-9216 KBPS), со Dolby Atmos и Sony 360 Reality Audio.

Во зависност од избраната понуда, по истекување на тримесечниот бесплатен период ќе започне да тече месечна претплата од 4 евра премиум, или 8 евра за HiFi пакетот.

Претпоставуваме дека доколку никогаш не сте користеле Tidal сега навистина немате што да изгубите доколку пробате да ја разбиете монотонијата од вашиот омилен музички стриминг сервис. Дури и да сте го користеле Tidal, креирајте нов акаунт и уживајте и вие во премиум предностите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии