Стриминг платформата Tidal достапна во Македонија

IT.mk редакција

во ИТ.МК

По Spotify уште еден сервис за стрим на музика пристигна во Македонија. Најстарата стрим платформа за музика TIDAL е достапна во Македонија и корисниците веќе може да се претплатат на сервисот и да слушаат музика.

Сервисот досега во регионот беше достапен единствено во Бугарија, а веќе може да се користи и во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска. Ексклузивните права за регионот од пред една недела ги има United Group.

Tidal како и останати слични сервиси има неколку нивоа на претплата, но за разлика од поголем дел од сервисите нема бесплатно слушање на музика. Основното (премиум) ниво овозможува неограничено слушање на музика за 4 евра месечно, а за 6 евра во семејната претплата може да се стрима на 5 уреди. Квалитетот на аудиото е 320Kbps.

Tidal нуди и второто ниво на претплата со значително поквалитетен звук. Во Hi-Fi пакетите квалитетот на звук е 1411Kbps во HiFi-стрим и 9216Kbps за TIDAL Masters стримовите. Цената на овие пакети е 9 евра месечно за еден корисник или 12 евра месечно за семејниот пакет. Платформата нуди 30 дена тест период, по кој ако корисникот е задоволен ќе мора да се претплати за да продолжи да го користи TIDAL.

Платформата има над 70 милиони песни и над 250 000 милиони видеа. Квалитетот на музиката е предност на TIDAL, но бесплатните пакети на платформи како Spotify и натаму остануваат огромна предност за платформите кои ги нудат. Дополнително за љубителите на поткасти изборот на TIDAL кој е пред се фокусиран на музика е сиромашен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии