Strike Vector е инди-игра која нуди нешто ново во FPS жанрот

Strike Vector е нова мултиплеер игра од инди студијото Regequit. Tоа што е навистина импозантно е што најголем дел од играта е крирана од четири ентузијасти на кои подоцна им се приклучија петмина, сочинувајќи тим кој креира сосема нов тип на FPS.

Ragequit е независно студио, но дел од неговите членови се ветерани кои работеле на повеќе игри како Remember Me, Evolution Motorstorm и Heavy Rain. Овојпат Пол Чедесон, Пјер-Етиен Траверс и остатокот на тимот работат на вселенски Sci-fi FPS во кој играчите ќе бидат пилоти на вселенските бродови кои ќе треба да простигне до одредена дестинација, да одбранат позиција или веќе познатите „capture the flag“ и „deathmatch“.

[youtube]f6daTbItCOk[/youtube]

Иако инди игрите последниве години внесоа вистинска свежина во индустријата, не е престрого да се каже дека тоа повеќе го прават со гејмплејот, приказната или другa иновативност која се повеќе им недостасува на големите студија, додека графиката речиси секогаш е во втор план. Strike Vector за игра која доаѓа од независно студио, и на која работеле волку мал број на девелопери, има неверојатна графика на која можат да и позавидат и дел од поскапите наслови.

Играта ќе биде достапна на почетокот на 2014 на Steam Greenlight, но може да се пријавите за бета.

[youtube]4-eR8-SdFsw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии