Street Fighter 5 е бесплатна за играње во наредните две недели

Street Fighter 5 е игра која има добри три години под појасот. Од тогаш, па до сега, играта издаде три сезонски пропусници и тони дополнителни додатоци чија севкупна цена оди над 300 евра. Желбата за вакво агресивно финансирање ги принуди повеќето фанови да го завртат грбот на играта и да ја осудат со негативни рецензии. Тоа, меѓутоа, не го менува фактот дека основната игра е исклучително добра. Во случај да сте по боречки игри, можете бесплатно да ја проверите Street Fighter 5, почнувајќи од денес, 23 април, па сè до 5 мај.

Бесплатниот пробен период ги отвора портите за целосната аркадна едиција на играта, односно надградената верзија и, покрај оригиналот, на располагање имате Arcade mode, Extra Battle Mode и Team Battle Mode. За време на овие две недели, можете да играте со сите 16 оригинални борци, плус четири борци кои беа воведени преку додатоците. Но, со Akuma, Blanka, Juri и Menat можете да играте само преку режимите: Ranked, Casual, Battle Lounge, Training, и Challenge.

Играта е бесплатна на Steam!

1 коментар на “Street Fighter 5 е бесплатна за играње во наредните две недели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии