Streamus е епик Chrome екстензија за стримање музика

Streamus е екстензија за Google Chrome која од прелистувачот креира вистински музички сервис. Екстензијата е бесплатна и со оглед на тоа дека дел од музичките сервиси се со ограничен пристап по региони, Streamus е одлична aлтернатива бидејќи музиката која се стрима е од YouTube.

Екстензијата е во развој три години и тоа од ентузијаст кој ја напуштил својата работа за да може целосно да и се посвети. Станува збор за една од екстензиите кои се најдобро прифатени на Google Web Store, вели креаторот на апликацијата. Со оглед на одличниот изглед на сервисоот и неговата едноставност популарноста на Streamus не е никакво изненадување.

Екстензијата е направена со Material design и овозможува пребарување на песни, албуми или бендови и нивно едноставно стримање, со само неколку направени избори. Дополнително песните кои остануваат во стрим листата, па нема да има никаква потреба за дополнително пребарување по букмарковите за да пронајдете некоја песна која сакате да ја слушнете. Сервисор има и стрим радио, кое слично на Pandora креира листа песни кои би ви се допаднале од изборот кој го имате направено. Освен ова можете да креирате сопствена листа и да го споделите линкот со пријателите. Со оглед на квалитетот на екстензијата нема да биде изненадување доколку Google го купи Streamus, пишува The Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии