Стравот од коронавирусот се користи за најразлични онлајн измами

Мартин Јованчевски

во Вести

Во време кога сите се релативно загрижени за последиците од коронавирусот, многу сомнителни организации го експлоатираат стравот и се богатат набрзина.

Низ светот се отвораат најразлични сајтови. Некои од нив се продавници кои имаат на лагер бројни средства кои тешко се наоѓаат, како сретства за дезинфекција, тоалет хартија, маски и слично. Други сајтови се прикажуваат како дел од добротворни организации и бараат донирање финансиски сретства кои подоцна ќе бидат искористени за олеснување на последиците од кризата. Потоа, се праќаат неброени и-мејлови со кратки објаснувања и линкови кои водат до овие сајтови. Луѓето ќе купат некоја критично-потребна намирница, но нема никогаш да ја добијат.

Which? launches scam alerts as fraudsters exploit coronavirus ...

Action Fraud објасни дека стотици и стотици обиди за ваква измами, поврзани со COVID-19, се регистрирани за само еден месец. Најголемиот број од измамите биле поврзани со продавници кои нуделе средства за дезинфекција и маски за лице, но по извршената нарачка, купувачите наишле на апсолутна тишина од продавницата. Некои мејлови се претставуваат дека се до СЗО или некоја друга здраствена организација и нудат најразлични информации поврзани за степенот на инфекцијата во областа на примателот. Потоа бараат или детали за Bitcoin акаунтот на примателот или директна Bitcoin наплата за одредена услуга, односно донација. Безбедносната фирма Barracuda, пак, се изјасни дека наишле на пораст од 667% повеќе фишинг мејлови кои го злоупотребуваат стравот за пандемијата.

За правилно справување со ваквата експлоатација би можело да се земат во предвид следниве неколку работи:

  1. Размислете пред да кликнете на некој линк. Обично, печатни или граматички грешки укажуваат кон сомнителен сајт.
  2. Имајте инсталирано и ажурирано антивирусно решение. Помага доколку кликнете на некој малициозен линк.
  3. Предупредете ги помалку искусните лица да внимаваат за вакви работи и да ги земаат во предвид првите две работи
  4. Пред да направите каква било нарачка, проверете дали е сајтот безбеден, каква историја има и што мислат останатите корисници за него.
  5. Доколку сакате информации за COVID-19, не ги барајте во и-мејлови туку на официјални веб сајтови како NHS Coronavirus. Избегнувајте лажни вести.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии